Неколку трикови што ги препишавме од професионалците за шминка

Познатите шминкери и фризери, иако завршиле престижни светски академии, сепак користат едноставни трикови за нега, кои и вие самите можете да ги примените.

Ви ги откриваме омилените трикови на професионалците, а сите препарати направени дома прво испробајте ги на мал дел на кожата за да видите дали ќе има некои алергиски реакции.

1 Темносините подочници можете да ги сокриете со розеникав коректор, врз кој ќе нанесете жолтеникав коректор за очи.

2 За поголема постојаност на карминот, по нанесување на првиот слој на усните ставете хартиено марамче и нанесете пудра во прав. На марамчето ќе се залепат вишокот кармин и пудра, со што вашите усни се подготвени за вториот слој.

Доколку ставате темен кармин, прво со прстите нежно нанесете го, а потоа исцртајте ги усните со молив во истата боја и дури тогаш нанесете го вториот слој од карминот. Ако не сте сигурни која боја кармин ви одговара, стиснете го врвот на средниот прст. Тој ќе стане црвен или розов, па така може да ја изберете идеалната боја за вас.

2 Очите истакнете ги комбинирајќи црна и кафена маскара. Црната маскара нанесете ја на горните трепки, а кафената на долните. Со сиво моливче исцртајте ја линијата на окото. Ако сте од оние што сакаат да експериментираат, можете да си поиграте со боите на маскарата, па така сините очи ќе ги истакнете со маскара во боја на слива. Иако се модерни интензивните бои, сепак таквите бои на очните капаци може да изгледаат многу нападно и кичесто.

3 Пудрата за лице може да ги затне порите на кожата, затоа пред да ја нанесете лицето поминете го со коцка мраз. На тој начин проширените пори ќе се затворат и пудрата нема да навлезе во нив и да предизвика митесери.

4 Доколку моливот за усни и очи ви е премногу мек, пред да се шминкате ставете го неколку минути во фрижидер.

Текст: Убавина и здравје

Фото: Pixabay, Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.