ТОНИ ЦЕТИНСКИ ПОВЕЌЕ НЕ ИЗГЛЕДА ИСТО! Пејачот направи трансплантација на КОСА, а еве какви се РЕЗУЛТАТИТЕ (ФОТО)

Ова му била голема желба!

Пејачот Тони Цетински објави видео на Инстаграм со кое ги покажа резултатите од трансплантацијата на коса која неодамна ја направи.

За роденденот снимал песна во студио во Загреб, а соработниците го изненадиле со торта и свеќички со бројот 53. Прославата не завршила тука, затоа што пејачот подоцна роденденот го прославил со сопругата Дубравка во ресторан.

Тони на социјалните мрежи објави снимки од студиото, но и од излегувањето со сопругата и во таа пригода го покажа својот нов изглед по интервенцијата.

Во декември минатата година Тони откри дека направил трансплантација на коса за да си го реши проблемот и да си ја оствари големата желба.

Одамна имам желба да одам на трансплантација на коса и среќен сум што поради тоа не морав да патувам надвор од границите на мојата земја, затоа што докторката е експерт за коса кој е убедливо најдобар во таа област. Со нетрпение ги очекувам резултатите!“ – напиша Тони претходно на Инстаграм.

Мало потсетување како изгледа Тони цетински минатата година на својот роденден.

Напредокот е јасно видлив, нели?

Фото и видео: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.