Ги изврте фактите: Катарина Грујиќ ги избрка новинарите од свадбата, па се правдаше дека ѝ ја газеле венчаницата

Заборави дека е снимена

Фото: Инстаграм

Пејачката Катарина Грујиќ и фудбалерот Марко Гобељиќ во четвртокот го кажаа судбоносното „да“ во храмот на Свети Сава во Белград. На самата свадба дојде до скандал меѓу младенците и „седмата сила“.

Скандалот почна пред храмот затоа што на новинарите не им беше дозволен влез, иако немаа право на тоа, бидејќи се работи за институција која секој има право да ја посети.

Пејачката се правдаше за време на гостувањето во една емисија дека новинарите ѝ ја згазиле венчаницата, што не е точно од повеќе причини. Катарина и Марко беа опколени од голем број телохранители, кои ги опколија од сите страни, па немаше можност ниту еден од новинарите или фотографите да им пријде.

Веднаш зад пејачката стоеше нејзината сестра, што се гледа по фустанот што го носеше, така што била згазена или од обезбедувањето или од сопствената сестра.

@ajnaleti1_ #srbija #hrvatska #crnagora #bosna #katarinagrujic #markogobeljic ♬ original sound – ballkanmusic

Катарина во емисијата изјави дека Марко и таа секогаш застанувале да се фотографираат, што не е точно, бидејќи фотографите ја замолија да застане и да позира, но таа одби, велејќи дека тоа ќе го направи пред хотелот каде што се одржа прославата.

Пред хотелот обезбедувањето се однесуваше примитивно и непрофесионално, бркајќи ги новинарите со извиците: „Бегај“, „Ајде надвор!“ и слично, а имаше и такви кои коментираа дека самата пејачка рекла да се избркаат претставниците на „седмата сила“.

Значи, Катарина ги понижи и навреди новинарите кои одговорија на нејзината покана да ѝ ја покријат свадбата, велејќи дека некои од нив „можеби вчера почнале да работат“, а не знае дека имаше луѓе од сите редакции кои се занимаваат со оваа работа над 10 години.

Инаку, ова не е првпат пејачката да има таков однос кон седмата сила, минатата година се јави во медиумите да ѝ го проследат роденденот, а потоа не сакаше да се појави и да даде изјава, додека, пак, нејзиното обезбедување рече дека „новинарите не се поканети“.

Видео: Србија данас/Youtube

Фото: Instagram

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.