Оваа боја на коса ќе биде најпопуларна есенва: Жените во 40-тите ја обожаваат, а речиси секому му прилега!

Ви се допаѓа?

Ова е најмодерната боја на коса за есен 2023

Есента носи можности за промена на изгледот, а еден од најефикасните начини да го постигнете тоа е со промена на бојата на коса. Ако сте подготвени да експериментирате малку и да истражите нови хоризонти во светот на фризурите, и ако се прашувате која боја на коса ќе доминира оваа есен, еве што велат актуелните трендови.

Една од најинтересните бои оваа есен е црвената. Меѓутоа, црвената не е само една боја – тоа е широк спектар на нијанси кои варираат од светли strawberry blonde тонови до длабоки и темни cherry cola нијанси, и се’ помеѓу.

Црвената коса често се поврзува со потоплите сезони, но оваа есен дефинитивно ќе доминира и ќе донесе топлина во постудените денови. Очекувајте разновидност во нијансите на црвена, вклучувајќи и такви со портокалови тонови и длабоки бордо нијанси. Овие бои ќе ви овозможат да се истакнете и да му дадете топлина на вашиот изглед во ладната сезона.

На дамите во 40-тите години одлично им стои црвената боја и таа е вистинскиот избор за нив.

Ако размислувате за црвена коса, една од најбараните нијанси оваа сезона е бакарната. Бакарната коса стана вистински хит и може да се види на многу познати личности, вклучувајќи ги и Меган Фокс и Кендал Џенер. Оваа топла нијанса на црвена може да го осветли вашиот тен и да му даде блескав изглед. Бакарната коса е особено популарна кај оние што сакаат да внесат топлина во својот изглед, без драстични промени.

Со оглед на тоа што есента носи промени во природата, зошто да не го освежите и вие вашиот изглед со нова боја на косата?

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.