Оваа неверојатна трансформација на баба во 8. деценија ќе ве остави без здив: Изгледа 20 години помладо!

Трансформација во 3 чекори

Сите се воодушевени од оваа феноменална промена

Непишано правило е дека дамите престануваат да се средуваат кога ќе влезат во позрели години, па ретко која жена во 70-тите можете да ја видите нашминкана и во модерна модна комбинација. Меѓутоа, оваа госпоѓа во осмата деценија ги срушила сите предрасуди и им послужила како инспирација и неверојатна мотивација на многу жени, па и тие одлучиле да се погрижат за својот изглед.

Иако не е сè до изгледот, не би требало да се занемариме себеси само затоа што имаме одреден број години. Најважно е да се чувствувате добро во своја кожа и да бидете задоволни од одразот во огледало, бидејќи само така ништо нема да претставува пречка за вас, ни годините, ни љубопитните погледи, ни завидливите коментари. А оваа баба демонстрирала на дело како една жена може буквално да заблеска во 3 лесни чекори.

Оваа дама во 70-тите години имала долга седа коса и одамна не се шминкала. Нејзиниот стил на облекување комплетно се променил, па изгледала постаро одошто е – безволно и истрошено. А потоа, се случила неверојатна трансформација во само три чекора.

Фризерите ѝ ја потстрижале долгата, седа коса и ја бојосале руса. Долгата коса заминала во заборав, а добила шик кратка фризура, што ѝ избришала најмалку деценија од лицето.

Потоа, дискретно ја нашминкале и ги истакнале нејзините прекрасни црти на лицето, особено прекрасните сини очи, по кои е препознатлива, и широката насмевка.

Потоа, на ред дошол и изборот на стајлинг кој совршено ја надополнил целата промена на имиџот. Кога се погледнала во огледало, останала без текст!

Не можела да се препознае себеси, се чувствувала како нова личност, со нова движечка енергија.

Позитивните коментари на сметка на нејзиниот изглед се нижеле со молскавична брзина под видеото, а нејзините најмили биле најсреќни. Погледнете!

Неверојатна трансформација со шминка и фризура: Дали е ова реално истата личност?! (ФОТО)
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.