Шарлиз Терон ја сменила фризурата на 46 години: Сега има долга, црна коса!

Сите се шокирани

Шарлиз Терон одлучила да го промени имиџот – повеќе не е русокоса

Многу жени со текот на годините преминуваат на посветли тонови, а својата долга коса ја потстрижуваат од практични причини. Но не и Шарлиз!

Холивудската актерка се појавила на еден настан во Лос Анџелес посветен на нејзината хуманитарна организација, во едноставно, ненападно издание, кое ги собрало комплиментите на вљубениците во модата.

Шарлиз на дело ја покажала моќта на белата кошула и добриот џинс, покажала колку овие парчиња се безвремени и практични, како и колку добро може да изгледаат дури и во некои поформални, посвечени пригоди.

Но она што, всушност, привлекло внимание е смелата промена на имиџот на убавата 46-годишна актерка. Имено, Шарлиз ја одбрала популарната „фудбалерка“ фризура, која самата по себе е екстремна и ретко кому му стои, но покрај тоа, таа и преминала од таборот на русокоси во таборот црнки.

Како ви се допаѓа нејзината промена?

Шарлиз Терон во модерно издание: Ова е доказ дека обичните фармерки и чизми до колена се доволни за совршен стајлинг!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.