Совршена фризура за сите што не сакаат драстични промени: Кејти Холмс е нашата есенска инспирација!

Како ви се допаѓа?

Фризурата на актерката е она што ни треба оваа есен

Сезонските бјути-трендови порачуваат дека време е за смела фризура. Ако ви досади долгата коса, сега е вистинскиот момент да ја освежите со пократка должина што можете фантастично да ја стилизирате.

Актерката е позната по своите перфектни лежерни изданија, во кои често може да се види на улиците во Њујорк. Косата најчесто ја врзува во пунџа или коњско опавче, што е разбирливо за изминатиот летен период. Сепак, новата модна сезона повикува на промени, што Кејти со задоволство го прифатила со нова фризура.

Играла на сигурно со стил што на сите одлично им стои, а сепак направила смела промена: класчниот лоб (попознат како долг боб) совршено го вклопила во својот непретенциозен стил.

Слоевито потстрижаниот лоб, без разлика дали е рамен или навиткан, е многу лесен за одржување и совршен избор е за есента. Кејти одлучила оваа фризура да ја носи и потполно рамно исфенирана и во брановидна варијанта, полетна и волуменизирана.

Полниот потенцијал на својот нов лоб го покажала на прославата на 100-от роденден на модната икона Ајрис Апфел, каде што целосно заблескала.

Лобот е идеален за сите што сакаат трендовска фризура, а истовремено не сакаат премногу да се заморуваат со неа.

Бонус: доволно е долга за да ја врзете во опавче или неуредна пунџа, па така со минимална промена ќе си го освежите изгледот.

Едноставни и ефективни фризури во последен момент
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.