Ѕирнете во отмената вила на Никол Ричи на Беверли Хилс: Приватен базен, мермер – вистински луксуз!

Величествен дом

Приватен базен, камин и поглед на кањонот Колдватер, кој најмногу фасцинира

Наследничката на славниот пејач Лајонел Ричи, дизајнерката Никол Ричи со својот избраник Џоел Маден неодамна го реновирале домот на Беверли Хилс, кој се наоѓа на рид, а својата претходна вила ѝ ја продале на пејачката Адел.

И двете вили се наоѓаат во близина на кањонот Колдватер, а градени се во 1987 година и првобитно биле стилизирани како француски замок.

Куќата во која моментално живее Никол во 2019 година доживеала големо преуредување.

Ентериерот е многу специфичен, преовладува мермер, едноставни бои, дрво, графички плочки, бањски камен.

Приватниот базен, големата градина, лежалките каминот и неверојатниот поглед најмногу ги воодушевила Никол и Џоел.

Погледнете како изгледа нивниот прекрасен дом…

Ѕирнете во новата резиденција на Кристијано Роналдо (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.