Ѕирнете во новата резиденција на Кристијано Роналдо (ФОТО)

Видео-надзор и постојано обезбедување

Кристијано Роналдо неодамна се врати во Манчестер, и наскоро се сели во Англија.

Меѓутоа, изгледа дека преселбата ќе му создаде проблеми на славниот фудбалер.

Имено, „Дејли стар“ пишува дека Роналдо е цел на британска банда. Новата вила на Португалецот е „на радарот“ на локалната мафија, која порано често се пробиваше во имотите на познатите фудбалери, а некои од нив беа во директен судир со припадниците на мафијата.

Но, се разбира, Роналдо не остава ништо на случајност, така што тој, неговата сопруга и децата ќе бидат надгледувани од силно обезбедување, ќе имаат постојана заштита, а нивниот имот ќе биде покриен со видео-надзор и целосно заштитен.

Тој би требало да го има своето деби во дресот на Јунајтед за време на викендот против Њукасл, а претходно со два гола му донесе победа на Португалија во квалификациите за СП и со 111 погодок влезе во историјата како најдобар стрелец на репрезентациите.

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.