Целиот свет го воодушеви: Роберто Бенињи на најубавиот можен начин ѝ оддал почест на својата сопруга!

Неверојатен човек

Италијанскиот актер Роберто Бенињи го украл шоуто на годинешниот фестивал во Венеција со говорот што ѝ го посветил на сопругата Николета Браски

Бенињи, кој на фестивалот доби Златен лав за животно дело, својата награда реши да ја подели со својата сопруга, муза, деловна и уметничка партнерка.

„Изминативе 40 години сè правевме заедно. Јас знам само за еден начин на мерење на времето: со тебе или без тебе. Оваа награда дури и не ни можам да ти ја посветам, бидејќи веќе е твоја. Ќе го поделиме овој лав. Ќе го земам опашот, за да ја изразам својата радост, да ја покажам мојата среќа. А другото е твое, особено крилјата, бидејќи ако сум успеал да се вивнам, тоа е благодарение на тебе“, вака познатиот италијански актер го започнал својот говор посветен на сопругата.

„Ако некогаш сум направил нешто посебно во мојата работа, тоа е благодарение на тебе, на твојот талент, твојата мистерија, твојот шарм, убавина и актерски талент. Колку само работи имам научено слушајќи како свириш на снимање“, продолжил Бенињи и го цитирал Гручо Маркс:

„Тој беше во право кога кажа: ‘Мажите се жени кои не успеале да бидат тоа’. И така е. Не успеав да бидам како тебе Николета.“


Оскаровецот, кого публиката го памети по улогата во филмот „Животот е убав“, во својот говор за својата сопруга кажал дека е светлина со чија помош постигнал сè во животот и се присетил на нивната прва средба.

„Првпат кога те сретнав, зрачеше со толкава светлина што мислев дека Господ, давајќи ти светлина, сакал да го украси небото со друго сонце. Нашата љубов беше на прв поглед, а всушност на вечен поглед.“

Роберто Бенињи ја запознал актерката Николета Браски во 1983 година на снимањето на филмот „Ти ме покренуваш“. Името на овој филм ќе ја одбележи нивната љубов, која била крунисана со брак во 1991 година. Заедно играле и во филмот „Животот е убав“ што нему му ја донесе најпрестижната филмска награда Оскар!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.