Што е заблуда, а што вистина кога станува збор за шампоните

Експертите откриваат

Експертите откриваат што е заблуда, а што вистина кога станува збор за средствата за отстранување нечистотии од косата.

Заблуда: УПОТРЕБА НА СУВ ШАМПОН МОЖЕ ДА ПРЕДИЗВИКА ОПАЃАЊЕ НА ВЛАКНАТА.

Вистина: некои тврдат дека сувите шампони ги затвораат фоликулите на влакната што доведува до нивно опаѓање. Но ова тврдење нема научна основа. Во состав на сувите шампони се наоѓаат пудра, скроб или талк, кои ја впиваат маснотијата. Ниедна од овие материи не го загрозува директно растот на косата. Сепак, тоа не значи дека сувите шампони, како и другите препарати за коса, треба да се задржат со денови на косата, бидејќи постои ризик од иритација на кожата на главата и до појава на првут. Кога користите сув шампон, избегнувајте да го втривате во коренот на косата.

Заблуда: ШАМПОНОТ МОРА ДА ИМА УРАМНОТЕЖЕНА pH-ВРЕДНОСТ.

Вистина: тоа е навистина важно, па затоа сите денешни шампони се токму такви. PH-вредноста обично се движи во рамките на безбедните пет и седум. Ако се случи pH-вредноста на косата да помине 10, влакната отекуваат, што може да предизвика непоправлива штета. Бојадисувањето и хемиските третмани на косата предизвикуваат покачување на pH-вредноста, но шампоните не го прават тоа веќе со години поради строгите контроли на нивниот квалитет.

Заблуда: АКО Е КОРИСНО ЗА КОЖАТА, ТОГАШ Е КОРИСНО И ЗА КОСАТА.

Вистина: витамини, хијалуронска киселина, природни масла… Сите овие состојки, кои влегуваат во составот на препаратите за нега на кожата, но и во шампоните, се мошне ефикасни. Но така е само во теоријата. Иако е докажано дека хијалуронската киселина ја хидрира кожата, не е докажано дека така дејствува и врз косата. Освен тоа, шампонот не се задржува на косата, туку се одмива, па затоа ниту една од корисните состојки не остануваат на кожата на главата.

Заблуда: ЗДРАВЈЕ Е ДА НЕ СЕ КОРИСТИ ШАМПОН.

Вистина: шампоните отстрануваат одреден дел од природните маснотии (кои ја хидрираат косата). Меѓутоа, маснотиите не се единственото нешто што се таложи на кожата на главата на дневна основа. Кожата на телото постојано се лупи, па на површината на кожата на главата се таложат мртви клетки, бактерии, габички, вишок маснотија и загадувачи од околината.

Ако талогот се задржи подолго од неколку дена, може да предизвика иритација, чешање или првут. И препаратите за обликување на косата (пена, гел, лак) исто така може да предизвикаат иритација. Ако не ги отстранувате со редовно миење на косата, влакната стануваат покрути и полесно пукаат при чешлање.

Заклучок: миење на косата со шампон е препорачливо и пожелно да се прави и секој ден. Доколку чувствувате чешање или затегнување на кожата на главата, тогаш мијте ја косата еднаш неделно.

Наш предлог за здрава коса: шампон и маска Botu Cure Kaypro со растителни пептиди за обновување сериозно оштетена коса, која има тенденција да се кине. Шампонот нежно чисти и истовремено помага во обновувањето на структурата на влакното, а маската со богата, густа и крем-формула го затвора влакното, помагајќи му да се обнови однатре. Расчешлувањето е лесно! (Секој за 480 ден., www.shop.depileve.mk)

Заблуда: ШАМПОНИ БЕЗ СУЛФАТИ СЕ ПОДОБРА ОПЦИЈА ЗА БОЈАДИСАНА КОСА.

Вистина: aко редовно а бојадисувате косата, веројатно знаете дека се препорачува шампон без сулфати за да се избегне одмивање на бојата. Но истражувањата не потврдија дека оваа претпоставка е точна. Иако можеби звучи неверојатно, и водата може да ги оштети влакната, како и другите средства за отстранување нечистотии од косата. Кога косата ќе се намокри, влакната набабруваат, кутикулата се отвора и дел од фарбата се одмива.

Одредени студии покажуваат дека сулфатите може да предизвикаат иритација на очите и на кожата. Но факт е дека шампонот лишен од сулфати сепак може да ја иритираат кожата на главата. Преостанатите состојки, како што се материи за создавање пена, можат да предизвикаат иритација на кожата.

Ако имате чувствителна кожа на главата, изберете шампони во чиј состав се наоѓаат материи наречени „isothionate”, „taurate” или „decyl glucoside”, а избегнувајте ги оние што содржат C14-16 olefin sulfonat. Последната наведена материја обично се наоѓа во составот на шампоните без сулфати, а е еднакво интензивна како и кој било сулфат.

Текст: Н. Човиновска

Фото: ПР, Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.