Шик летна фризура што му прилега на секој облик на лице: Лесно се прави, ви треба само една марама и една минута!

Тренд што ќе го сакате

Оваа прекрасна, романтична фризура е вистински спас во деновите кога температурата ќе надмине 30 степени

Иако многумина му се радуваат на летото, најголем проблем за повеќето жени претставува долгата коса. За да го одбегнете непријатното потење, постојат трикови што ќе ви помогнат да изгледате убаво, елегантно, но и да си ја поштедите маката од непријатните ситуации што ги носат жештините.

Една дама покажала неверојатен трик со којшто во само три потега и за помалку од една минута можете да направите идеална летна фризура, која одлично му стои на секој облик на лице, а може да се носи преку ден, но идеална е и за вечерни пригоди.

Сè што ви треба е обично ластиче и марама. Погледнете и обидете се, не е тешко.

За летна свадба или обичен ден, залижената пунџа е вечно добра фризура
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.