Лежерно и шик: Кејт Мидлтон во комбинација што можеме да ја ископираме и да ја носиме секој ден!

Како ви се допаѓа?

Лежерен стајлинг на војвотката од Кембриџ

Кејт Мидлтон ретко може да се види во лежерни комбинации како денешната. Војвотката од Кембриџ го посетила Лондонскиот национален историски музеј, а за таа пригода облекла шик-комбинација што модните критичари ја оцениле позитивно.

Сако во боја на лосос, бела обична маица и фармерки со рамен крој во комбинација со бели патики бил нејзиниот избор за посетата на музејот, а Кејт како и секогаш, кралската должност ја извршила со насмевка на лицето.

Она што на многумина им паднало в очи е сакото од брендот „Клои“ што Кејт го одбрала за оваа пригода, а неговата цена изнесува вртоглави 2.500 американски долари.

Од накит понела едноставен златен ѓердан со медалјон и популарни златни белегзии. Овој стајлинг модните експерти го оцениле со петка, а нам може да ни послужи како своевидна инспирација за секојдневно облекување.

Како ви се допаѓа стајлингот на убавата идна кралица?

Тегет од глава до петици: Кејт Мидлтон уште еднаш воодушевила со оваа комбинација!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.