Прва помош за оштетена коса

Фрлете се на работа!

Фото: Getty Images

Се прашувате што да преземете ако косата ви е оштетена, безживотна и наликува сено? Прво, не губете надеж и немојте веднаш да ја потстрижете – применете ги методите на нашите советници за нега на косата, закамуфлирајте ја настанатата штета и спречете го понатамошното оштетување

Еве како да утврдите дали треба да се откажете од фен, преса, фигаро и од боја…

1 Тест на истегнување!

Искубете едно влакно и добро затегнете го, а потоа пуштете го едниот крај. Ако влакното не се врати веднаш, тоа е знак дека косата ја загубила еластичноста и дека и понатаму ќе пука доколку се изложува на топлина.

2 Што вели четката?

Косата што опаѓа од корен (се забележува по белото топче на едниот крај) е нормална појава. Но влакно што се кине од средина не е. Доколку оштетувањата на косата се големи, таа ќе загуби многу повеќе влакна отколку што е нормално (од 50 до 100 влакна на ден).

3 Измерете го времето!

Оштетените влакна многу побрзо се сушат, бидејќи се пропусливи. Проверка: ако косата ви е средно густа или многу густа, потребно време да се исуши на природен начин е еден час. Ако се исуши побрзо – косата ви е оштетена.

4 Проверете ги краевите!

Дали се тие многу посветли од остатокот на косата (но не заради тоа што косата ви е бојадисана), потенки и „расцутени“? За жал, ако е така, тогаш единствено решение за овој проблем се ножици.

Текст: Наташа Човиновска

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.