Прва помош за оштетена коса

Фрлете се на работа!

Фото: Getty Images

Се прашувате што да преземете ако косата ви е оштетена, безживотна и наликува сено? Прво, не губете надеж и немојте веднаш да ја потстрижете – применете ги методите на нашите советници за нега на косата, закамуфлирајте ја настанатата штета и спречете го понатамошното оштетување

Што би требало да направите: ЗАБОРАВЕТЕ НА БОЈАДИСУВАЊЕТО

Процесот на бојадисување е екстремно агресивен, бидејќи ја раствора површинската восочна обвивка на влакното. Кога оваа обвивка ќе исчезне, многу е тешко да се врати здрав и сјаен изглед на косата. Ако сте убедени дека косата нема да ви се оштети бидејќи ја бојадисувате во темна нијанса, размислете подобро.

Хидрогенот, без разлика во која концентрација се употребува, е задолжителен елемент на секое бојадисување.

Што  е пореално: НЕМОЈТЕ ДА ГИ БОЈАДИСУВАТЕ КРАЕВИТЕ

Кога светот би бил совршен, сите би употребувале 100% природни бои за коса, кои го негуваат и го зацврстуваат влакното, правејќи го посјајно. Сепак ваквите бои не се постојани – паѓаат по четири до пет миења – па бојата не е интензивна. Кога станува збор за постојаните бои за коса, најважно е да не ја бојадисувате повеќе одошто е потребно, посебно не краевите кои се најоштетени.

Постои објективна причина за тоа што фризерот ќе ве посоветува бојата прво да ја нанесете во коренот (на израстокот), а потоа само да ја исчешлате косата 5 минути пред крајот на бојадисувањето. Нанесувањето на бојата на цела коса предизвикува многу поголема штета.

Експертите советуваат употреба на шампон и регенератор за бојадисана коса.

Што би требало да направите: ИЗБЕГНУВАЈТЕ ФЕНИРАЊЕ

Топол воздух + густа, остра четка + притисок врз косата = оштетување. Кога косата е многу влажна, истегнувањето на влакната е уште поизразено, а жешкиот воздух од фенот ги интензивира оштетувањата. Би било добро кога фенот би се оддалечил барем 20 сантиметри од главата, но мали се шансите некој да го направи тоа.

Што е пореално:  КОСАТА СУШЕТЕ ЈА НА ПОМУДАР НАЧИН

Заменете ги деловите на равенката од претходниот дел и ќе добиете подобар резултат. Почнете со примена на поквалитетен фен – од најмалку 2.000 вати и по можност изберете јонски модел. Потоа, големата тркалезна четка заменете ја со четка со меки, пластични влакна.

Може да користите и мека плосната гумена четка, чии боцки имаат заштитни пластични топчиња на краевите. Ако сепак мора да употребувате тркалезна четка за полесно обликување на косата, тогаш тоа нека биде прикрај на фенирањето – и внимавајте да нема метална основа за да не ви ја гори косата.

Пред фенирањето нанесете заштитен спреј на косата, не ги притискајте влакната премногу со четката, немојте силно да ги влечете перчињата и фенот држете го подалеку од главата. Долна прифатлива граница е 5 сантиметри.

Што би требало да направите: ПРИФАТЕТЕ ЈА КОСАТА ШТО ВИ ЈА ПОДАРИЛА ПРИРОДАТА

Некои експерти веруваат дека директната топлина од пресата за коса може да ја загрее природната влага во внатрешноста на влакното до точка на вриење, што создава пареа што продира низ кутикулата. Ни професионалните преси не се ништо подобри. Затоа, сакајте ја природната коса и не ја малтретирајте со често исправување.

Што е пореално: ВНИМАТЕЛНО ИСПРАВУВАЈТЕ ЈА КОСАТА

Внимателно прочитајте го упатството за примена на пресата за коса. Дерматолозите тврдат дека клучно во превенцијата на оштетувањето на косата е да не го надминете времето на контактот на косата и плочите на пресата што е наведено во упатството.

Исто така, користете преса двапати неделно, и тоа онаа со керамички (не со метални!) плочи – тие полесно лизгаат низ косата! Оние што применуваат хемиско исправување на влакната треба да размислат да преминат на кератински третман, со кој секое влакно се обложува со површинска обвивка, пришто не се нарушува неговата природна обвивка.

Иако со оваа постапка не може да се исправи кадрава коса, таа сепак ќе стане помека и посјајна, а резултатите можат да траат и до два месеца – под услов да користите соодветен шампон.

Што би требало да направите: ПОТСТРИЖУВАЈТЕ СЕ НА СЕКОИ ТРИ НЕДЕЛИ

Колку и да внимаваме на себе, сепак потстрижувањето на косата е нешто што повеќето го избегнуваме. Препорачливо е врвовите да се потстрижуваат на секои три до четири недели, што нема да се одрази на должината на косата.

Што е пореално: НАНЕСУВАЈТЕ МАСКА ЕДНАШ НЕДЕЛНО

Доколку сакате да ги скриете оштетувањата што ги имате, главно оружје ви е регенератор со длабинско дејство. Состојките на овој препарат не се разликуваат многу од оние што ги содржи обичниот регенератор, но бидејќи се многу покоцентрирани, создаваат мазен филм на влакното што не се одмива со денови.

Формулите со глицерин, пантенол или со аминокиселини можат да продрат низ кутикулата и да ги пополнат деловите уништени од топлината. Во случај на потешки оштетувања на косата, стручњаците препорачуваат ноќно пакување.

Тестирајте ја косата!

Текстот продолжува на следната страница…

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.