Прва помош за оштетена коса

Фрлете се на работа!

Фото: Getty Images

Се прашувате што да преземете ако косата ви е оштетена, безживотна и наликува сено? Прво, не губете надеж и немојте веднаш да ја потстрижете – применете ги методите на нашите советници за нега на косата, закамуфлирајте ја настанатата штета и спречете го понатамошното оштетување

Многу методи и препарати што користиме за моментално и привремено создавање совршена фризура истовремено предизвикуваат оштетување на влакната на подолги патеки. Затоа не е ни чудно што повеќето жени се жалат дека токму тие оштетувања се она примарното што сакаат да го сменат.

Меѓутоа дали овие жени се подготвени да преземат сè што е потребно за да спречат некои од најчестите проблеми? Тоа што точно знаете дека треба да го направите не мора задолжително да значи и дека сте расположени да го сторите, нели? Кај оштетената коса површинскиот слој на кутикулата на влакното обично е истенчен или целосно излупен.

Најважно е да се спречат понатамошни оштетувања предизвикани од топлина, хемиски третмани и од триење, а добра вест е што овој слој на кутикулата може повторно да стане мазен.

Значи, фрлете се на работа!

Што би требало да направите: КОСАТА СУШЕТЕ ЈА НА ПРИРОДЕН НАЧИН

Знаете дека топлиот воздух од фенот предизвикува косата да се витка и го олеснува нејзиното обликување. Тоа е бидејќи топлината го смекнува кератинот во влакното. Но истовремено и го суши.

Што е пореално: НАМАЛЕТЕ ГО ИЗЛАЛОЖУВАЊЕТО НА ТОПЛИНА

Клучно нешто е косата да биде помалку влажна кога ќе почнете да ја сушите со фен за да биде изложена пократко време на топлина. Почекајте да се исуши 70% или впијте ја водата со крпа за да го забрзате сушењето. Немојте да ја врзувате во турбан, бидејќи така ги оштетувате влакната. Исто така, користете препарат за заштита од топлина, кој содржи полимери, кои создаваат филм на површината на влакното, што е добра заштита од штетното дејство на врелиот воздух.

Што би требало да направите: МИЈТЕ ЈА КОСАТА СЕКОЈ ВТОР ДЕН – НАЈМНОГУ!

Дерматолозите советуваат дека природната маснотија на кожата на главата условува здрав и блескав изглед на косата, а дека со секојдневно миење се отстрануваат овие корисни маснотии. Миењето на косата секој втор ден е попрепорачливо, освен ако немате тенко влакно, масна кожа на главата или ако секојдневно тренирате.

Што е пореално:  КОРИСТЕТЕ СООДВЕТЕН ШАМПОН НА СООДВЕТЕН НАЧИН

На сите чија коса изгледа мрсно, ако прескокнат само еден ден миење, им е потребна поинаква стратегија. Стручњаците советуваат три чекора: прво добро натопете ја косата пред да нанесете шампон, бидејќи колку е повлажна, толку ќе ви треба помалку шампон.

Второ, косата тријте ја во близина на коренот, бидејќи токму тука се собира најмногу маснотија.

Трето, темелно измијте ја косата со најстудена вода што можете да поднесете (кутикулата полесно се затвора, а влакното станува помазно). Кога станува збор на изборот на соодветен шампон за оштетена коса, на листата на состојки побарајте ги материите како „quaternium” или „cetrimonium chloride”.

Сепак многу е полесно да го прочитате она што го пишува на предната страна на пакувањето.

Изберете го она на кое пишува: за зајакнување, против пукање, за обновување, бидејќи тоа е препарат што содржи материи за создавање заштитен слој околу влакното, кој го прави подебел и поиздржлив.

Текстот продолжува на следната страница…

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.