Поубава и потрајна од балајаж и вадење прамени: Новата техника на бојосување коса го освои светот!

Дали ви се допаѓа?

Новата техника дава поефективни и поприродни резултати

Со години, балајажот беше најбараната техника на бојосување коса во салоните и дефинитивно најпопуларна помеѓу клиентите. Сепак, неодамна во прв план дојдоа малку пооткачени и похрабри фризури, а меѓу нив е и новата техника, позната како фоилајаж.

Се чинеше дека балајажот како техника на бојосувања беше одговорот на сите наши желби поврзани со косата. Конечно се поздравивме со типичните прамени и воодушевено ги прифативме прамените што изгледаат природно и исончано и кои ѝ даваат текстура на косата. Техниката, што оригинално потекнува од Франција, користи сликарска техника на повлекување потези со боја, што колористот ги нанесува со слободна рака, наместо традиционалниот начин на провлекување чешел низ делови од косата и превиткување фолии.

„Кај правењето традиционални, класични прамени, речиси секогаш се користи фолија и бојата се нанесува од коренот, додека со балајажот е малку поинаку“, појаснува фризерката Франческа Диксон и додава:

„Резултатот е поинаков, бидејќи техниката балајаж дава посуптилен, помек изглед додека традиционалните техники на вадење прамени се многу изразени, бидејќи се прават од корен и ефектот честопати е ‘пругест’“.

Кај фоилајажот, пак, се работи за техника што го комбинира балајажот со фолиите, кои почесто се користат во традиционалното вадење прамени, а резултатот се поизразени прамени, додека и понатаму се задржува природниот изглед на косата.

Фоилајажот се прави така што фризерот ја дели косата на неколку дела, нанесува боја, потоа ја става во фолија и ја остава така некое време. Така се засилува светлината на прамените, а притоа се задржуваат предностите на балајажот, како што е убавото врамување на лицето.

Клучот лежи во тоа како колиристот ги нанесува фолиите. Во традиционалната техника на вадење прамени, бојата се нанесува од коренот до врвовите на косата, пред целиот прамен да се превитка во едно парче фолија. Овде, бојата и фолијата се нанесуваат под одреден агол, а резултатот и понатаму се светлите и сјајни прамени, само во уште подобра варијанта одошто кај балајажот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by PA Hair Colorist (@stephanie_stylist)

Предноста на оваа фризура е тоа што многу лесно се одржува и еднакво добро изгледа по излегувањето од салон, како и неколку недели подоцна, кога косата ќе порасне.

Шик летна фризура што му прилега на секој облик на лице: Лесно се прави, ви треба само една марама и една минута!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.