Држете се до овие 3 чекори: По 14 дена, детето ќе јаде сè што ќе му сервирате!

Победете ја пребирливоста

Детската пребирливост за храна, ги фрла родителите во очај, но и за тоа има лек

Пребирливоста, иако е многу напорна за родителите, потполно е нормална кај децата.

Иако можеби ве теши фактот што не сте единствените родители на светот што го имаат овој проблем, тоа олеснување трае додека повторно послужите брокули за ручек. Но науката конечно нашла начин да ви помогне. Новите истражувања покажале дека ако ги следат овие три чекори, родителите можат да го променат ставот на детето кон храната.

Сепак, мора да се напомене дека истрајноста е најважна. Мора да бидете упорни. И секогаш имајте на ум дека децата се одлични преговарачи. А за да го достигнете нивното ниво на преговарачки моќи, еве што треба да направите…

Прв чекор – повторување

Нудете ја храната што детето ја одбива. Нудете го истиот зеленчук најмалку 14 дена по ред. И бидете трпеливи. Идејата е детето да ја запознае храната, да престане да му биде нова. Некои деца можеби ќе мора 10-20 пати да пробаат одредена храна, пред да ја прифатат.

Втор чекор – дајте пример

И самите јадете го зеленчукот што му го нудите на детето за ручек и покажете му колку ви се допаѓа.

Трет чекор – награди

Наградете ги за трудот, дури и ако изеле само залаче. Или само лизнале. Сè се важи. Големите промени почнуваат со мали чекори.

Сето ова, со истиот зеленчук, повторувајте го најмалку 14 дена.

„Нашите истражувања покажаа дека повторливото изложување на детето на одредена храна, наградувањето на секој обид да се проба храната и личниот пример што му го дава родителот, јадејќи ја и самиот храната што детето ја одбива, може значително да го промени односот на детето кон храната“, вели докторката Клер Фаров.

Покрај тоа, навиките во исхраната што децата ги усвојуваат во детството, ќе ги следат и кога ќе пораснат, а сигурно сакате да изградат здрав однос кон храната.

5 знаци на претерана родителска грижа: Не сте ни свесни какви последици остава ова на менталното и физичкото здравје на децата!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.