Мора да имате шишенце од ова масло дома: Ги брише брчките, ја обновува и најоштетената коса!

Чудотворно масло!

Овој еликсир на младоста и на убавината многу лесно можете да ги направите и сами

Маслото од морков поседува многубројни лековити својства, па дури и малата количина на ова драгоцено масло има долготрајни поволни ефекти на вашиот изглед.

Исто како и билката од која потекнува, маслото од моркови е богато со витамините А, Ц, и Е, и со бета-каротен. Витамините А и Е, во комбинација со бета-каротен, се клучни за обновување на кожата и на косата.

Бета-каротенот, исто така, ја балансира pH-вредноста на кожата, помага во борбата против сувост, но и ја поттикнува регенерацијата на клетките и ги ублажува ситните брчки. Резултатот од користењето е нежна и мазна кожа.

Поради сите придобивки што ги нуди, често се наоѓа во составот на кремовите, лосионите и препаратите за нега на коса. Тоа е едно од најквалитетните масла за нега, а одлично е тоа што можете и сами да го направите и да го користите самостојно или како додаток на кремови и шампони.

Ја обновува оштетената коса

Маслото од семки од морков е повеќекратно корисно за вашата коса. Го стимулира нејзиното растење, ја прави помека, понежна и посјајна, ја поттикнува циркулацијата во темето, го зацврстува коренот на косата и ја штити од штетните влијанија од околината, како што се сончевото зрачење и нечистотиите. Ставете 5-6 капки етерично масло во регенераторот за нега на коса што го ставете по шампонот.

Ја негува кожата

Ја освежува кожата и ѝ дава антиоксидативна заштита, ја хидрира и ја спречува појавата на брчки и стрии. Со оглед на тоа што ги зацврстува капиларите, се применува и во случај на купероза и розацеа. Можете да го нанесувате секоја вечер на лице самостојно или да го додадете во кремот што инаку го користите, добро да промешате и да го нанесете како што сте досега сте навикнале.

Вака се приготвува масло од морков…

Состојки:
  • 2 моркова
  • кокосово или маслиново масло

Измијте ги, излупете ги и изрендајте ги морковите, па ставете ги во тенџере. Прелејте ги со масло, така што тоа целосно ќе ги покрие. Загревајте на тивок оган додека маслото добие портокалова боја (може ќе бидат потребни и неколку часа).

Процедете го маслото низ чиста газа и ставете го во стаклен сад со капак. Вака приготвеното масло може да се користи во наредните 6 месеци.

Секоја жена треба да има шишенце од ова масло: Само неколку капки ќе ги избришат сите брчки од вашето лице!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.