Секоја жена треба да има шишенце од ова масло: Само неколку капки ќе ги избришат сите брчки од вашето лице!

Вреди да се проба

Само неколку капки ќе бидат доволни да го вратите младешкиот изглед

Сигурно сте чуле за рицинусово масло, но дали знаете за сите негови лековити својства? Ова масло се користи за подобра работа на цревата, за алергии, изгореници, воспаление на мускули, но најделотворно е во борбата против стареењето.

Со редовна употреба на ова масло ќе ги ублажите сите брчки и ќе му го вратите младешкиот изглед на лицето. Освен тоа, одлично е за заздравување на оштетената и сува коса.

Ова можеби не сте го знаеле за ова моќно масло:

Неговата употреба датира уште од дамнешни времиња. Го користеле старите народи за лекување чиреви, стомачни проблеми и за други разни воспалителни процеси на кожата.

Рицинусовото масло се добива со цедење семки од билката Ricinus communis, која води потекло од Африка, Јужна Америка и Индија. Маслото се добива со ладно цедење на семките. Препаратите на база на рицинусово масло ги има во течен или цврст облик, а може да се нанесуваат на кожата или да се земаат орално.

Маслото е познато по својата голема густина, проѕирно е, а неопходно е да го чувате во темни стаклени садови со капаче, бидејќи на тој начин ќе го заштитите од оксидација и ужегнатост.

Маслото добиено од рицинусово семе е богато со рицинолеична киселина. Тоа има антибактериско дејство.

Во неговиот состав има и витамин Е, кој ја штити кожата штетните влијанија на слободните радикали. Масните киселини присутни во ова волшебно масло се стеаринска, линолеинска и дехидроксистеаринска киселина кои ја штитат и регенерираат кожата.

Ова масло служи за нега на сува кожа. Освен што хидрира, тоа создава заштитен слој на површината на кожата, па ја чува и од губење влажност.

Тоа е најдобар природен начин за да се забави стареењето на кожата. Доколку го користите секој ден, тоа ќе продира во длабоките слоеви на кожата, што придонесува за свеж и младешки изглед. Рицинусовото масло ги ублажува постоечките брчки и ја спречува појавата на нови.

Примена: Втријте мали количини на лицето и оставете да отстои 2-3 часа. Доколку не ви пречи, најдобро би било да преспиете со ова масло на лицето. Наутро, отстранете го вишокот со марамче.

Ги отстранува упорните стрии

Секој ден тријте ги стомакот и бутовите со мала количина на рицинусово масло, за да го спречите настанувањето стрии за време на бременоста. Со кружни движења масирајте ги деловите на телото зафатени со неправилности. На овој начин се поттикнува циркулацијата и дотокот на потребни материи за регенерација на кожата.

Успешно се бори и со акни

Рицинолеичната киселина присутна во ова масло ги уништува бактериите и габичките на кожата. Неговото антибактериско дејство продира во длабоките слоеви на кожата што го прави добар сојузник во борбата против акни.

Рицинусово масло – моќен сојузник за убава и здрава кожа
loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време