Фризерите пресудиле: Ова ќе биде најпопуларната фризура во 2021-та година!

Нов тренд

Кратката коса повторно е во мода

На самиот крај од 2020-та година, фризерите веќе пресудија која фризура ќе биде ултимативен тренд наредната.

Доколку сакате драстични промени, оваа фризура сигурно ќе ви се допадне. Во тренд ќе биде бујната и пократка коса. Паж ќе биде апсолутен хит, велат експертите. Со оглед на тоа што станува збор за должина малку над рамена, тоа остава простор за најразлично стилизирање.

Можете да направите бранови, да ја фенирате рамно, да го преместувате патецот. Во секој случај, многу интересна фризура со која нема да ви биде здодевно. Има совршена должина, доволно е долга за да можете да ја врзете во опавче или пунџа, а истовремено е лесна за одржување и стилизирање.

Што се однесува до боите, ќе доминираат посветли тонови. Предвид доаѓаат и прамени.

Варијантата со кркми исто така ќе биде во тренд. Тие му даваат мекост на лицето и подмладен изглед.

Дали ви се допаѓа овој тренд?

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.