Зошто 12.12.2020 е најмоќниот ден во годината: Крај на едно големо поглавје, еве што нѐ чека од денес!

Нумеролошка прогноза

Означува крај на еден циклус и отворање на сосема нови поглавја

Нумеролошките низи во нумерологијата и спиритуалноста се сметаат за ангелски броеви, односно низа на броеви што ни носат моќни пораки од универзумот.

12.12 се смета за најмоќниот ден во годината, се отвора порталот број 12 и оваа низа на броеви ја носи потребната енергија за позитивна трансформација, како на сопственото битие, така и на односите со другите.

Оваа нумеролошка низа секому од нас му носи одредена моќна порака од универзумот. На пример, ако сте на погрешен пат, ќе се појави чувство што ќе ве поттикне да се вратите на раскрсницата на животот и да одберете подобар пат за себе. Или ќе се станете свесни за вашите грешки од минатото и ќе знаете кои аспекти од вашиот живот треба да ги промените за да станете најдобрата верзија од себе.

Во 2020 година, низата броеви 12.12 е посебна и поинаква, бидејќи се случува истовремено со големата конјукција на Сатурн и Јупитер, односно големата Доба на Водолија.

Дванаесет во нумерологијата е моќен број кој симболизира позитивни промени, но тие се јасни, лесни и директни. Означува крај на еден циклус и отворање нови врати во животот, каде што ќе успеете да се соочите со предизвиците и да пронајдете повеќе надеж за годината што ни претстои.

Единицата претставува нов почеток и лидерски способности, а двојката е број на баланс и хармонија. Кога ќе се спојат, даваат моќна низа и силна енергија која поттикнува на самореализација.

Во астрологијата овој број се поклопува со конјукцијата на Сатурн и Јупитер, редок астро-аспект, кој носи среќа и шанса за просперитет.

Исто така, оваа низа нѐ поттикнува да изградиме подобри врски и односи со блиските луѓе, да простиме и да обновиме некои стари пријателства во љубовта. Нѐ поттикнува да се поврземе со сопственото битие, да ги прочитаме кодовите на сопствената душа и да одгатнеме што е тоа што не ни е повеќе потребно и што нѐ саботира. Вреди да се ослободи таквата енергија, а да се прифати новата космичка снажна промена што ни пристигнува.

Во текот на овие денови вежбајте оптимизам, фантазирајте и не заборавајте дека најголемите чуда се случуваат тогаш кога најмалку очекуваме!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.