Кралицата Ранија има 50 години, а изгледа како да има 30: Овие навики се заслужни за нејзиниот младешки изглед и вита става!

Пробајте и вие!

Во ова лежи тајната на нејзината убавина…

Кралицата Ранија ја красат младешки изглед, вита фигура, а покрај тоа има и совршен моден вкус. Поради сето ова, не е ни чудо што е пример за многу жени ширум светот.

Иако во август оваа година наполнила 50 години, на нејзиното лице не се забележува тоа. Нејзиниот тен е совршен, а нема ниту една брчка. Ако сте помислиле дека за тоа е заслужна естетската хирургија, сте се излажале. Ова се навиките до кои строго се придржува со години и благодарение на кои изгледа подобро и од двојно помлади девојки.

1. Правилен избор на намирници

За да се активира метаболизмот и телото да има сила поголемиот дел од денот, неопходен е обилен појадок, а тоа го знае и кралицата Ранија. Таа секое утро го започнува со овесна каша, овошје, јаткасти плодови и чаша природен сок без шеќер.

Што се однесува до преостанатите оброци, се обидува да се базираат на протеини и на помала количина јаглехидрати, а тоа значи дека најчесто јаде некое месо што не е масно или риба, интегрален леб и многу зеленчук. Исто така обожава леблебии, интегрален ориз, свежо сирење и млеко. Нејзината исхрана главно се базира на принципите на медитеранската исхрана.

Вечерата никогаш не е обилна и калорична. Најчесто тоа е чаша кисело млеко и парче леб.

2. Вежби за умот и телото

Секој втор ден го започнува со часови по јога и вели дека тоа ѝ помага да остане смирена и ѝ дава сила за новиот работен ден. Можеби ќе ве изненади, но кралицата Ранија исто така ужива и во боречки вештини, како кикбокс и таеквондо, па одвреме-навреме ги практикува и нив.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Queen Rania Al Abdullah (@queenrania)

3. Нега на лицето

Таа цврсто верува дека жената може долго да го задржи младешкиот изглед без да оди на пластичен хирург. Таа строго се држи до минимализмот и кога станува збор за шминката, но и за негата на кожата.

„Прекумерната употреба на крем може да нанесе поголема штета одошто корист, како и користењето кремови на своја рака“, рекла таа во една пригода.

Токму затоа, таа еднаш годишно оди на дерматолог кој прави кремови специјално наменети за нејзиниот тип кожа. Освен тоа, два пати годишно оди на козметичар на чистење на лицето.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.