Есенски трендови за коса: Здосадено ви е од бојата на косата? Погледнете ги овие предлози

Инспирација

Најдобрата боја на коса за вас е онаа со која се чувствувате најдобро, но ако сакате да ги менувате нијансите и да уживате во тие промени, имаме неколку предлози.

Додека руса, кафеава, црвена, виолетова, тиркизна или која било друга боја на виножитото изгледа одлично во секое време од годината, некои бои за коса се особено погодни за да бидат ваш избор за време на есенските денови.

Според фризерите, жените едвај чекале да се вратат на дотерување во фризерски салони по карантинот и имаат различни барања. Некои луѓе се одлучуваат за светла нијанса на коса или прамени кои се лесни за одржување. Други, пак, го надополнуваат изгубеното време и ја почитуваат желбата да експериментираат со драстично менување на нивната боја на коса.

Но, какви се трендовите и што препорачуваат фризерите за есента 2020 година?

Интензивно руса

Оваа нијанса е тешка за одржување, но сега е вистинското време за тоа доколку сте бринета која очајно сака да стане русокоса.

https://www.instagram.com/p/CBzKu3Qp7It/?utm_source=ig_embed

Цреша црвена

Заменете ја карамелната нијанса со црвена боја. Ќе доживеете совршена трансформација.

https://www.instagram.com/p/CAML0dYDQ92/?utm_source=ig_embed

Впечатливи половични прамени

Многу жени сакаат да ја изразат својата креативност или сакаат целосна промена, особено сега по карантинот, а полесните прамени околу лицето ќе го сторат токму тоа. Погледнете како изгледаат на Бијонсе:

https://www.instagram.com/p/ByW2zBcgism/?utm_source=ig_embed

Засенчен корен

Засенчениот корен е одличен за сите оние кои не сакаат да се гледа нивниот раст на косата или сакаат да ги намалат посетите на фризерски салони.

https://www.instagram.com/p/B79Lz3Khtqz/?utm_source=ig_embed

Пастелно розево

Оваа боја е популарна веќе некое време и дефинитивно е вистинскиот избор ако сакате да експериментирате, но се плашите. Необично е, но не привлекува премногу внимание.

https://www.instagram.com/p/B4AXnXVD3ku/?utm_source=ig_embed

Прочитајте и: Ова се три моќни маски за коса што можете да ги направите дома

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.