Оваа едноставна вежба, која можете да ја правите дома, ќе го активира вашето цело тело

Обратниот исчекор е вежба која ќе ги активира мускулите на нозете и задникот, а ако ги активирате рацете и торзото, ќе добиете едноставна вежба која ќе го раздвижи целото тело.

Сè што ви треба за оваа вежба имате дома. Не мора да се грижите за опрема и нема да ви треба многу простор. Подгответе пешкир и следете ги упатствата.

  • Застанете исправени, стапалата нека ви бидат во ширина на колковите, ‘рбетот исправен и карлицата малку повлечена.
  • Земете крпа, раширете ја со двете раце, цврсто како да сакате да ја поделите на две. Држете ги тупаниците раширени во ширина на рамената.
  • Вдишете. При издишување, повлечете ја десната нога назад.
  • Левото колено мора да биде свиткано под агол од деведесет степени.
  • Коленото на десната нога мора да биде малку над подот и мускулите да бидат затегнати. Карлицата нека биде повлечена.
  • На крајот на издишувањето, свртете го горниот дел од торзото и рацете налево. Колковите и нозете не смеат да се поместуваат. Го движите горниот дел од телото со движење на рацете, брадата, која е подигната, го придвижува грбот налево.
  • Кога повторно вдишувате, се враќате во првобитната позиција.
  • Кога ќе повторите сè со другата нога, добивате едно повторување. Направете помеѓу 15 и 20 во серија од 3 до 4.

Прочитајте и: Како познатите мајки се ослободија од вишокот килограми после бременоста?

 

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.