Ова се три моќни маски за коса што можете да ги направите дома

Природни состојки

Здравите маски за коса никогаш не биле полесни за правење во вашиот дом. Ви носиме три маски за коса кои ќе бидат подготвени за неколку минути, а вашата коса ќе ви биде благодарна.

Ние ја виткаме, ја пегламе, ја сушиме, а во текот на летните денови е под влијание на сонцето и солта. Затоа, неизбежно е косата да се храни со добра маска. И додека оние во аптеките може да бидат прилично скапи, но и полни со штетни состојки, можете да направите квалитетна маска за коса со содржината од вашиот сопствен фрижидер.

Сува коса

Состојки:

  • 1/2 авокадо
  • 1 лажица масло од кокос
  • 1 лажица маслиново масло
  • 1 лажица мед
  • 4 лажици вода

Подготовка:

Измешајте ги состојките заедно во блендер додека не се комбинираат целосно. Пред да ја нанесете маската, навлажнете ја косата со топла вода за да ги отворите фоликулите на косата. На овој начин, витамините од маската подобро ќе навлезат во скалпот. Завиткајте ја косата во пешкир или капа за туширање и држете ја на косата 15 до 20 минути. Есенцијалните масни киселини на маслиновото масло и авокадото ќе помогнат во санирањето на испуканите врвови.

Против опаѓање на косата

Состојки:

  • 1 лажица топло млеко
  • 1 лажичка мед
  • 20 грама свеж квасец

Подготовка: 

Кога сите состојки се комбинираат, оставете ја маската на топло и оставете ја да се ферментира 15 до 20 минути. Нанесете ја маската на влажна коса од корените до краевите. Како и со претходната маска, завиткајте ја косата во пешкир, капа за туширање или пластична кеса. За разлика од претходната маска за коса, оваа маска треба да се чува на косата што е можно подолго – дури два до три часа за хранливите материи да навлезат во скалпот.

За брз раст на косата

Состојки:

  • 2 јајца
  • 1 лажица рицинусово масло

Подготовка:

Едноставна маска направена од сирови јајца и рицинусово масло е одлична за коса, бидејќи го стимулира растот на косата. По соединувањето на состојките, маската нанесете ја рамномерно низ целата коса и оставете ја да отстои 20 минути. Потоа измијте ја косата со шампон, но не користете балсам бидејќи оваа маска делува и на тој начин. Исто така, доволно е да се користи еднаш неделно.

Прочитајте и: Јаболковиот оцет е совршен сојузник во вашата рутина за убавина: Користете го на овие 4 начини

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.