Експертите се сигурни: Еве кои бои за коса ќе бидат во тренд во 2020 година!

На фризер!

2020 година ќе биде во знакот на здравата, негувана коса со природна боја

Додека завршува оваа година, време е да смислиме нови, свежи стилови на бојосување. 2019 година беше во знакот на боја на праска и ледено сини нијанси.

Стручните фризери и колористи белат дека трендот на бојосување во 2020 година ќе биде следниот: здравата и коса со природна боја ќе биде хитот!

„Поминаа деновите на оштетена, сува и коса со нејасна боја. 2020 година ќе биде посветена на сјајната и негувана коса“, открил Јан Мишел Блек.

Експертите наведуваат дека следната година ќе биде во знакот на следниве 4 тренда…

Сјајни прамени

Природна боја на коса прошарана со за нијанса посветли прамени, без бојосување на израстокот. Овој начин на бојосување е се’ попопуларен од причина што не бара постојано одење на фризер. Бојата лесно се одржува дури и ако израсне неколку месеци.

https://www.instagram.com/p/B3fHDjbFZED/?utm_source=ig_embed

Природна кафеава

Бринетите можат да ја прилагодат својата боја на коса. На црнките им се сугерира да одат кон понежни тонови и висок сјај на косата.

„Тоа ќе создаде илузија дека нивната коса не е обоена и дека имаат неверојатни природни тонови на коса“, велат стилистите.

Се предлага природните црнки да стават неколку прамени во цимет и карамел-боја на косата.

https://www.instagram.com/p/B4VTHgRHMxf/?utm_source=ig_embed

Земјени и бакарни тонови

Минатата година беа популарни бојата на праска и бакар за природно да се тонираат црвенокосите девојки. Овој тренд продолжува, но акцент се става на земјените тонови. Црвенокосите девојки можат да ја бојосаат својата коса во силна боја на бакар, со понекој потемен прамен, одржувајќи ја хидрирана и здрава.

https://www.instagram.com/p/B23j_jqJg4t/?utm_source=ig_embed

Обелена русокоса

Колку и да ја обожававме платинестата и ледено сината коса, експертите тврдат дека избелените прамени ќе бидат хит оваа година. Доколку имате природно руса коса, целта е само малку да ја тонирате со бела боја и ќе бидете апсолутен хит во 2020 година!

https://www.instagram.com/p/B6L4kDGpbh6/?utm_source=ig_embed

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.