Потсетник: сезоната на калинките

Еве како да употребувате калинка

Имаат прекрасен вкус и богати се со антиоксиданти, влакна, калиум и со витамини Ц и К, па имаат противвоспалително дејство. Еве како да употребувате калинка:

ИСЧИСТЕТЕ ЈА Отсечете го горниот дел од калинката (каде што се наоѓа „круничката“), па попречно пресечете ја на пет резанки, следејќи ја белата обвивка. (Сокот остава трајни дамки, па бидете внимателни!) Друг метод е калинката да ја пресечете попреку на половина, па половинките да ги исчукате од надворешната страна со дрвена лажица, за да испаднат семките во садот.

ИСЕДЕТЕ СОК Изблендирајте ги семките и процедете го сокот во чаша. Испијте го пред тренинг. Нитратите содржани во оваа овошка го подобруваат снабдувањето на мускулите со кислород, покажуваат истражувањата.

ДОДАЈТЕ ЈА… во сè што ќе ви падне на памет: од јогурт и кашест сок до салати, брускети, јадења со ориз…

НАПРАВЕТЕ СОС Измиксирајте во блендер семки од калинка, маслиново масло, балсамиран оцет и италијански зачини. Ќе добиете превкусен сос за салата, кој можете да го употребите и како маринада за зеленчук и месо.

Текст: Ј. Убипарип

Фото: Pixabay

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.