На каучот: DIY терапија за двојки

Научете ги петте јазици на љубовта за подобро да се разберете со партнерот

И во хармоничните врски доаѓа до конфликти, но партнерите ги решаваат веднаш

Што велат истражувањата за тоа што можеме да направиме кога ќе настане „краток спој“ во врската? Овие научно докажани насоки може да ги изгаснат искрите и да спречат да избувне пожар, пред да се укаже потреба за посета на терапевт.

# 1. Сосечете го проблемот во коренот

И двајцата се вративте од работа нервозни и „наелектризирани“. Збор по збор и расправијата станува сè погласна, сè додека вие се затворите во собата, трескајќи ја вратата зад себе. За среќа, набрзо тој ви протнува порака под вратата во која пишува дека ве сака. Па, како и понатаму да му бидете лути? Тензијата попушта и денот продолжува таму каде што застана пред расправијата. Како ништо да не се случило…

Патот од нервоза и анксиозност до расправија е мошне краток, но никаде не води. Тоа сликовито го објаснува мотивацискиот говорник Зиг Зиглер:

Не правете компромис во кој она што навистина го сакате (хармоничен однос) ќе го замените со она што го сакате во тој миг (да го исфрлите насобраното незадоволство)“. Сепак, понекогаш сите го правиме токму тоа.

Расправијата со партнерот ја користиме како вентил за празнење на негативната енергија, што ни дава моментално олеснување, но таквото однесување, доколку е често, може да предизвика сериозни проблеми во врската. Реномираниот истражувач д-р Џон Готман открил дека во хармоничните врски доаѓа до конфликти, но партнерите веднаш ги решаваат. Значи, поправете ја штетата – најбрзо што можете!

# 2. Нежноста е најдобар лек

Професорот д-р Кит Сенфорд од универзитетот „Бејлор“ (САД) проучувал на кој начин двојките ги доживуваат чувствата, нарекувајќи ги емоциите со кои се наметнува моќта „тврди“ (бес, агресија), а оние со кои се изразува ранливост „меки“ (тага, повреденост). Сенфорд открил дека кога едниот партнер ќе забележи пораст на тврдите емоции, кај другиот расте анксиозноста поради наметнувањето на контролата и моќта во врската.

Исто така, ако едниот партнер забележи намалување на меките емоции, или пораст на она што Сенфорд го нарекува „рамна“ (рамнодушна) емоција, анксиозноста неминовно е резултат на емоционалната запоставеност.

Тврдите и меките емоции рефлексно се појавуваат како одговор на перципираната закана или занемарување, во синџиреста реакција, речиси од миг во миг. Сенфорд објаснува:

Начинот на кој ги толкувате емоциите на својот партнер влијае на вашите мисли, чувства и реакции, без разлика дали точно сте ги процениле неговите емоции“.

Можеби, наместо да се потпираме на недоверливите толкувања („ми изгледа дека е бесен“), едноставно би требало да го послушаме советот на американскиот музичар Отис Рединг и да „пробаме малку нежност“. Ако можеме да му веруваме на ова истражување, тоа чувство ќе се „преслика“ и на партнерот.

# 3. Потрудете се да сфатите

Искривените факти и пренагласените критики за време на расправиите создаваат спирала од негативни емоции, која води до огорченост. Меѓу партнерите се губи разбирањето – па лесно може да завладеат студ и оддалеченост. Не е лесно трпеливо да се сослуша или резилиентно да се преговара додека поминуваме низ бура од емоции. Сепак, ако покажеме емпатија, таа најверојатно ќе произведе чувство на заедништво и соучесништво, па дури и за време на судирот.

Д-р Сју Џонсон, водечки стручњак за брачна терапија, за расправиите напиша:

И двајцата се исплашени, но проблемот го согледуваат од различен агол. А кога ќе почнат да ја префрлаат вината на другиот и кога ќе постават дистанца, им изгледа како да се потврдуваат нивните најголеми стравови, а на сето тоа се накачува и чувството на изолираност.“

Од друга страна, кога го слушаме партнерот со емпатија, настојувајќи вистински да го разбереме, добиваме можност да ја сфатиме и неговата точка на гледиште, што доведува до блискост. Тоа е првиот чекор на патот кон смирување.

Текстот продолжува на следната страница…

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.