Драстична промена: Џенифер Лопез има нова фризура совршена за есен!

Нов имиџ

Токму оваа фризура ќе биде апсолутен хит оваа есен

Иако сме навикнати да ја гледаме со долга и бујна коса, Џенифер Лопез решила да направи драстична промена. На еден настан се појавила со значително пократка коса. Боб-фризурата ја збогатила и со посветли прамени.

За новиот изглед заслужен е нејзиниот долгогодишен фризер Крис Аплетон. Долгиот боб е одличен пример за фризура што е практична и елегантна истовремено, а многу е лесна за одржување.

https://www.instagram.com/p/B1kcBFCBYwZ/?utm_source=ig_embed

Со неколку потези со фигаро или пегла, строгиот рамен боб се претвора во благи опуштени кадрици и дава сосема нова фризура.

По летото и штетното влијание на сонцето, на косата ќе и’ годат прамените, а посветлите прамени на најдобар начин ќе ги нагласат најдобрите црти на вашето лице.

Нема дилема дека ова е фризурата за која многу дами ќе се одлучат оваа есен.

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.