Вака се носи бел џинс: Меланија Трамп објаснила како изгледа совршената модна комбинација!
Феноменален стајлинг
Беспрекорна како и секогаш
Белиот џинс е одличен избор во текот на летните месеци, а како што најавуваат модните експерти, овој пар фармерки ќе ги гледаме и во текот на есента. Токму таквиот модел е многу тежок за комбинирање, а притоа да изгледа добро, па затоа многу дами потфрлаат во тој обид.
Меланија Трамп на сите им одржала модна лекција и демонстрирала како изгледа совршено стилизираната дама.
https://www.instagram.com/p/B1iJtDUlEp4/
Покрај пар бели фармерки, на себе имала и црна маица врз која совршено се вклопило белото сако со интересна текстура. Сакото и’ дало деловна и малку посериозна нота. Со комбинацијата одлично се вклопиле и белите балетанки.
https://www.instagram.com/p/B1ieXXLInwF/
Доколку планирате да го прошетате овој модел, водете се според примерот на Меланија и сигурно нема да згрешите.