Хајди Клум го најавила доаѓањето на новиот тренд: Во овие фармерки ќе изгледате како супермодел!

Есенски тренд

Овој крој на фармерки ќе го заземе првото место оваа есен

Хајди Клум била фотографирана додека шетала по улиците на Лос Анџелес, а за таа прилика на себе носела модел на фармерки што ќе биде голем тренд за време на есенската и зимската сезона.

Стајлингот што Хајди го имала на себе е полн погодок. Од глава до пети секој детаљ е совршено искомбиниран. Со широките фармерки одлично се вклопиле белата маица и белите чизми на потпетица.

https://www.instagram.com/p/B1kSLaRn9o0/?utm_source=ig_embed

Оваа комбинација е одлична за некои поопуштени настани, а модните експерти во претстојната сезона му предвидуваат огромна популарност токму на овој модел фармерки.

Оваа сезона е резервирана за широките модели на фармерки, но и на останатите широки модни парчиња. Оваа вест нема да им се допадне на љубителите на тесните фармерки, бидејќи скини-моделот, барем што се однесува до оваа сезона, ќе замине на заслужен одмор.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.