Овие подароци веднаш треба да ги фрлите: Немојте воопшто да ги чувате во домот!

Внимавајте!

Енергија со која не смеете да си играте

Фенг шуи експертите веруваат дека секој предмет во себе носи енергија, а кога го чувате дома, таа енергија ја пренесувате и во домот.

Според нивните зборови, треба да внимавате што внесува во домот и чии подароци ги прифаќате и чувате.

Се верува дека најлошото нешто што можете да го внесете во домот е подарок на завидлива и зла личност. Овој предмет многу брзо ќе предизвика караници во домот, па дури и болест, развод…

Се верува дека луѓето што ви завидуваат и воопшто не се среќни поради вашиот успех, семеен или деловен, ќе бидат првите што ќе ви донесат подарок. Негативната енергија на давателот се пренесува и на предметот, кој тивко  но моќно дејствува од аголот на вашиот дом.

Како да препознаете предмет полн со негативна енергија?

Доколку сте се почувствувале непријатно кога ви го давале подарокот, или имате чудно чувство секогаш кога ќе го погледнете, фрлете го тој подарок без грижа на совест. Не го ставајте на таван, во подрум или слично, само фрлете го. Некои веруваат дека најдобро е да ги запалите ваквите предмети.

Верувајте и’ на вашата интуиција кога се ваквите работи во прашање.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.