Домашна маска за коса: Природна заштита за коса изложена на сонце

Испробајте!

Во текот на летото, сонцето е најголемиот непријател на женската коса. Покрај сонцето, практично смртоносна комбинација за здрава коса е сонцето и морската вода.

Затоа се обидовме да го најдеме најдобриот природен рецепт за маска за коса.

Потребно ви е: 1 жолчка од јајце, 2 лажици маслиново масло и 1 лажица сок од лимон.

Подготовка: Се меша сè со миксер или во блендер. Ако сакате маската да биде повеќе течна за да може полесно да се нанесе на вашата коса, додадете само една лажица вода.

Примена: Нанесете ја маската на сува коса (не мора да биде чиста). Оставете ја да отстои околу половина час, оставете ја косата добро да ја апсорбира, а потоа исплакнете со млака вода.

По овој третман, измијте ја косата со шампон.

Совет плус: Запомнете да ја хидрирате косата редовно во текот на летото. На пример, ако ви се случува да ја измиете косата денес, нанесете маслиново или кокосово масло на вашата коса од скалпот до крајот на косата два часа пред миење. Потоа внимателно измијте ја косата.

Во текот на летото, секогаш измијте ја косата со шампон наменет за сува и оштетена коса, без оглед каква е вашата коса во моментот.

Прочитајте и: Како да се спасите од испуканите (расцветани) врвови на вашата коса

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.