Хороскоп и здравје: Кој орган е „слабата точка“ на вашиот хороскопски знак?

Фото: Getty Images

Астрологијата тврди дека секој од 12-те знаци на зодијакот „контролира“ дел од телото, што влијае на органите на оние родени под тој знак.

Врската помеѓу хороскопските знаци и органите зависи од две работи. Освен тоа што на секој знак му е доделен дел од неговото тело, тој претставува и точка на слабост во организмот, т.е. на кои органи треба да внимаваат.

Од големо значење за хороскопските знаци за организмот е положбата на Месечината, која се движи низ нивните соѕвездија и со тоа има посилно или послабо влијание, во зависност од тоа каде се наоѓа. На пример, ако Месечината е во соѕвездието Овен, чиј знак е задолжен за горниот дел од телото, астралното влијание ќе предизвика мигрена и други состојби во главата или мозокот.

Хороскопот кажува на кои органи треба да внимавате:

Овен: главата, очите, ушите и циркулацијата во главата и рамената.

Близнаци: рамења, раце, дланки и бели дробови.

Бик: уста, вратот и грлото.

Рак: градниот кош, мускулите на градниот кош, стомакот и панкреасот.

Лав: срце, грб и ‘рбет.

Девица: абдомен, цревата, црниот дроб и артериите.

Вага: бубрези и надбубрежни жлезди.

Шкорпија: гениталии, мочниот меур и придружните артерии.

Стрелец: црниот дроб, колковите и горниот дел од ногата.

Јарец: коски, зглобови и долни екстремитети.

Водолија: циркулација и долни екстремитети.

Риба: циркулација, мускули на нозете и стапалата.

Прочитајте и: Добиваат сè што ќе посакаат: Овие хороскопски знаци имаат најмногу среќа во животот

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.