Разиграното издание на кралицата Летиција ќе ве маѓепса: Уште еден доказ дека таа е модна икона!

Летен стајлинг

Нејзините модни комбинации се вистинска инспирација за жените

Шпанската кралица Летиција (47) важи за една од најмодерните дами, а нејзиниот префинет моден вкус ги воодушевува жените ширум светот.

Кралицата на стилот, како што многумина ја нарекуваат, со својот сопруг, шпанскиот крал Фелипе Шести, го посетила стариот град Кордоба во склоп на мала турнеја низ шпанските покраини.

https://www.instagram.com/p/CCD6ChKh6xP/

Таму имале деловен состанок со работниците, кога посетиле една фирма во која се произведуваат заштитни маски, а слободниот момент го искористиле за да прошетаат.

За оваа пригода, кралицата Летиција облекла разигран миди-фустан од плиш со потпис на шпанскиот моден дизајнер Адолф Домингез.

Станува збор за едноставен, но интересен и убав модел во сини тонови што ги открива рамената.

https://www.instagram.com/p/CCDzFRGn5dl/

Тенките ременчиња со кои се врзува под градите, даваат удобност во долниот дел и можност да се сокрие евентуалниот вишок килограми во пределот на колковите, стомакот и задникот.

https://www.instagram.com/p/CCCAhV_n5cP/

Летната комбинација ја заокружила со еспадрили на подигната пета, зад кои стои модната куќа Macarena, а, секако, заштитната маска е задолжителна. Косата одлучила да ја подигне во опавче, што воопшто не е чудно со оглед на летните температури.

Кралицата Летиција во чевлите што ги обожаваат сите жени со стил: Удобни се и совршено одат со панталони
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.