Тврдење на имунолог: Еве зошто сега и младите умираат од коронавирус!

Предупредувачки зборови

Имунолог ги објаснил причините за пораст на жртвите од ковид-19 помеѓу младите

Постојат многу фактори на ризик на кои младите можат да бидат изложени, без да бидат свесни за тоа.

Познат имунолог објаснил дека смртноста на млади лица од вирусот ковид-19 во светот, во најголемиот број случаи и понатаму е поврзан со некои придружни заболувања, кои веќе го нарушиле имунолошкиот систем на пациентот, што претставува плодна почва за короната да подивее во организмот.

Меѓутоа, тоа не е исклучиво правило, а тоа го потврдува порастот на смртни случаи од коронавирус помеѓу помладата популација.

„Не мора ништо да значи. Лицата кои имаат хронични заболувања што ги ослабуваат имунитетот и организмот, сигурно и понатаму се изложени на зголемен ризик од неповолен исход на инфекцијата со вирусот ковид-19, но постои и друга невидлива предиспозиција.

Некој едноставно може да има таков генетски склоп, организам што има одредена слаба точка и додека таа точка не биде нападната – личноста не ни знае дека ја има.

Тоа е тој феномен на Ахилова пета или за помладите читатели, кои го сакаат Толкин, може да се нарече и змејот Шмауг, кој има непробоен оклоп, освен на едно место – токму на тоа место го погодува стрела.

Ние не го познаваме својот имунолошки систем и дали тој некаде има Шмаугови дупки, но сигурно е дека некоја група на луѓе ги има“, објаснил имунологот.

Меѓу новозаболените од вирусот ковид-19 во светот преовладува помладата популација (20-40 години), а епидемиолозите како причина за тоа го наведуваат непридржувањето кон мерките – пред сè носењето заштитна опрема и држењето социјална дистанца.

Ново откритие на научниците: Имунитетот на коронавирус веројатно е поголем одошто покажуваат тестовите!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.