6 најубави бои на коса што ќе го обележат летото 2020: Овие трикови ќе ви го одложат одењето на фризер и до шест месеца!

Погледнете!

Време е за промена на фризурата

Некои фризури изискуваат повеќе одржување од други, но честото одење на фризер на секои четири до шест недели, може да ви здодее по некое време. Меѓутоа, имаме добри веси за оние што не сакаат да трошат толку време и пари за бојосување во салони. Минималното одржување е голем дел од летните трендови кога станува збор за бојата на косата во 2020 година.

Бринети

https://www.instagram.com/p/CAqYR11hs0L/?utm_source=ig_embed

Иако можеби очекувате дека летните трендови на боја на коса ќе вклучуваат посветли нијанси, стилистите веруваат дека бринетите ќе бидат хит во 2020 година. Предвидуваат дека луѓето ќе сакаат што повеќе да го продолжат времето помеѓу две посети на фризер, па ќе се одлучат за боја што бара поминување многу помалку време по салони.

Природната боја на коса може да ви помогне во изборот на нијансата на кафеава ако ја бојосувате косата дома, а експертите препорачуваат да одберете максимум една или две нијанси посветла или потемна боја од вашата природна боја на коса.

Израсток

https://www.instagram.com/p/CAqk946Dubd/?utm_source=ig_embed

Израстокот е уште еден изглед што не е напорно да се одржува. Стилистите предвидуваат дека и оваа фризура ќе биде хит ова лето. Најдоброто нешто кај е оваа фризура е тоа што изгледа одлично со која било боја на коса, па едноставно побарајте од вашиот фризер да ви ја осветли косата за неколку нијанси, без оглед на нејзината природна боја. Експертите велат дека прамените што не почнуваат од самиот корен на косата се идеални, бидејќи можат да му дадат димензија на вашиот изглед.

Тонови што го врамуваат вашето лице

https://www.instagram.com/p/BpRZaUynpFF/?utm_source=ig_embed

Тоновите што го врамуваат лицето исто така се едноставни и ефикасни, а треба само да ги осветлите прамените покрај лицето за неколку нијанси со помош на фолии. Експертите препорачуваат стилови што бараат минимално избелување во текот на потоплите месеци. За среќа, добивањето прамени за врамување на лицето е неверојатно едноставно и остварливо само со помош на тонер. Покрај тоа, лесно се одржува и ги поништува непожелните бакарни тонови.

Бринета + русокоса

https://www.instagram.com/p/CANxN07HdQp/?utm_source=ig_embed

Неодамнешната промена на бојата на косата на Кајли Џенер е вистински пример за овој летен тренд – бронде. Се работи за боја на коса што е помеѓу кафеава и руса. Експертите велат дека додавањето златни нијанси во косата може дополнително да ја зачини вашата фризура, а ќе изгледате одлично и по неколку недели, кога ќе почне да расте, дури и ако имате потемна коса.

Балајажот никогаш не излезе од мода

https://www.instagram.com/p/B3-eIXDH5Fy/?utm_source=ig_embed

Балајажот никогаш всушност не престана да биде во тренд, а ќе биде уште попопуларен ова лето. Постапката вклучува рачно нанесување боја на коса за да се создаде ефект на претопување. Оваа фризура убаво изгледа и откако косата ќе порасне. Балајажот е посуптилен од прамените поради начинот на кој се прави. За разлика од традиционалните прамени, за балајаж не е потребна топлина, како ни фолии. Поради недостигот на топлина, можете да постигнете само неколку нијанси посветли тонови од вашата природна боја на коса.

Топли тонови за долго, топло лето

https://www.instagram.com/p/B0tsTsIn16R/?utm_source=ig_embed

Стилистите предвидуваат тренд на потопли тонови во темна коса. На пример, нијанси на карамела или златни прамени. За оние светлите русокоси, тука се неутралните и беж тонови. Додека за златните русокоси најдобри тонови се оние на карамела. Експертите нагласуваат дека топлите нијанси на кафеава можат да помогнат вашата коса да изгледа поздраво. Покрај тоа, богатите кафеави бои изгледаат фантастично со сѐ, особено во комбинација со светли летни бои.

Летна фризура број 1: Совршена за нечиста коса, готова за две минути! (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.