Додека се лечела од зависности, лекарите ја силувале, ја труеле со храна и ја држеле во соба со стаорци: Од Холивуд до психијатрија!

Цената на славата

Франсес Фармер имала големи соништа, но сѐ тргнало наопаку

Тогаш 22-годишната Франсес Фармер одлучила во 1935 година од Сиетл да се пресели во Њујорк. Се надевала дека таму ќе започне своја кариера во театар, но наместо тоа потпишала седумгодишен договор со Paramount Pictures. Од 1936 до 1958 година се појавила во 15 филмови во кои глумела покрај ѕвезди како Бинг Крозби и Кери Грант.

Франсес Фармер сакала да ја сфатат сериозно како актерка, а во Њујорк го привлекла вниманието на Клифорд Одетс кој ѝ понудил улога во својата драма Golden Boy. Критичарите ја пофалиле нејзината глума и таа продолжила да работи во театар. Неколку месеци годишно поминувала во Лос Анџелес и глумела во филмови.

Нејзиниот живот во 1942 година почнал да се распаѓа. Таа година се развела од сопругот, а откако одбила да глуми во Take A Letter, Darling, Парамаунт го суспендирал нејзиниот договр.

На 19 октомври била уапсена поради возење во пијана состојба. Ја казниле со 500 долари и ѝ забраниле алкохол. На 6 јануари 1943 година бил издаден налог за нејзино апсење, бидејќи ја немала платено казната. Полицијата ја нашла на 14 јануари во хотел, пијана и гола на креветот. Признала дека пиела сѐ што ќе ѝ се најде при рака, вклучувајќи и Бензедрин. Била осудена на 180 дена затвор.

Била позната по своето насилничко однесување, предизвикано од алкохол, па така повредила келнер, полицаец, ги удирала со нозе и со чевли. Нејзината золва, која била присутна на судењето, заклучила дека наместо во затвор, подобро би било да ја сместат во некоја психијатриска установа.

Така, поминала девет месеци во Кимбал, во санаториум во Калифорнија. Нејзината мајка Лилиан добила старателство, па двете се вратиле во Сиетл. Но ни таму не било многу подобро. На 24 март во 1944 година, повторно била примена во болница, а по три месеца била пуштена и наводно излечена.

Не се задржала долго на слобода, а мајка ѝ повторно ја испратила во болница во мај 1945 година. Со помали прекини, поминала речиси пет години во болницата Вестерн Стејт.

Токму тие години и во таа институција се развила злогласна приказна, што ја претставил Вилијам Арнолд во книга од 1978 година. Арнолд тврдел дека книгата е нејзина биографија и дека лекарите извршиле лоботомија над неа. На судењето за кршење авторски права поврзани со адаптација на книгата за филмските екрани во 1983 година, Арнолд признал дека ја измислил приказната. Судијата пресудил дека Арнолд измислил делови од книгата, иако ја издал како дело што не е фикција.

Но штетата била направена. Филмот за Франсес ја вклучил нејзината лоботомија и така таа измислица, без оглед на тоа што била само тоа, станала факт. Помалку морничавата приказна, всушност поминала незабележано.

Три години пред тој филм нејзината сестра Едит Елиот пишувала за нејзиниот живот во книгата Look Back In Love. Во неа напишала дека нивниот татко ја посетил во болница во 1947 година и стигнал токму на време за да спречи лоботомија. Им се заканил со тужба ако изведуваат какви било експерименти на неговата ќерка.

Самата таа претрпела низа злоупотреби во болницата. Во постхумно објавената автобиографија Will There Really Be A Morning? напишала дека „ја силувале болничари, ја гризеле стаорци и дека била отруена со загадена храна, заробена во ќелија, облечена во лудачка кошула и речиси удавена во када полна со ладна вода.“ Таа ја почнала книгата, но не ја завршила, туку тоа го направила нејзината блиска пријателка Џин Ратклиф. Можеби некои делови биле разубавени за да се задоволат желбите на издавачите. Во 1983 година медиумите пишувале дека Ратклиф намерно прикажала одредени делови од приказната подраматично одошто навистина биле, со надеж дека тоа ќе ѝ обезбеди договор за снимање филм.

Без оглед на тоа колку од тие информации биле точни, на 25 март Фармер била отпуштена од болницата Вестерн Стејтс, овој пат засекогаш. Од страв дека мајка ѝ повторно би можела да ја смести во болница, Фармер се обидела да се ослободи од нејзиното старателство. Во 1953 година, судијата донел одлука дека е способна да се грижи сама за себе.

По смртта на родителите се преселила во Еурека во Калифорнија и станала сметководителка. Се поврзала со телевизискиот директор Леланд Микесел, која ја уверил да се врати на телевизија. Потоа, се венчале, а подоцна и се развеле. Во 1957 година се преселила во Сан Франсиско и започнала своја повратничка турнеја. Се појавила во The Ed Sullivan Show. На некои медиуми им открила дека од сето тоа излегла многу посилна.

„Ја добив борбата со контролата над самата себе“, рекла таа.

И понатаму сакала да работи во театар и се вратила на штиците што живот значат, па дури и снимила нов филм. Во Индијанаполис станала водителка на дневни серии кои прикажувале стари филмови. Во писмото што ѝ го испратила на својата сестра во 1962 година, напишала дека ужива во мирот и во тишината последните неколку недели.

„Мислам дека никогаш не сум се чувствувала подобро“, рекла таа.

Но и понатаму се борела со зависноста од алкохол, а по неколку појавувања на работа во пијана состојба, добила отказ. Продолжила да глуми, а во својата автобиографија, моментите кога работела за продукцијата Purdue, ги опишува како најдобрите и најубавите моменти.

„Додека стоев горе имаше долга тишина, која ја замени најголемиот аплауз во мојата кариера. Со своите овации потполно ги закопаа скандалите. Тоа беше мојата последна и најдобра улога. Знаев дека никогаш после тоа нема да излезам на сцена“, напишала.

И била во право. Во 1970 година ѝ бил дијагностициран рак на хранопроводот, а во август починала на 57 години. Нејзиниот живот го инспирирал и музичарот Курт Кобејн, кој и самиот се борел со зависности.

Љубовна приказна побурна од филмска драма: До последниот ден од животот, Ричард Бартон искрено ја сакал само неа!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.