Вежбање и коронавирус: Како да се вратите на тренинзите?

Ако неодамна сте биле прележале Ковид-19 и сакате да се вратите на вашата фитнес-рутина, слушнете ги советите на експертите.

Ако неодамна сте се опоравиле од коронавирусот или ги чувствувате ефектите од оваа болест, сосема е нормално дека не сте сигурни дали треба да се вратите на вашата рутина за фитнес. Сепак, јасно е дека физичката активност има многу придобивки и за физичкото и за менталното здравје, затоа е клучно да се вратите на тренинг веднаш штом помине инфекцијата.

Вежбање и коронавирус

Кога е препорачливо да се вратите на тренинг зависи од личноста. Општо, советот е да се вратите на фитнес-рутината веднаш штом почувствувате дека е безбедна и дека ќе уживате.

– Ако некој има Ковид-19, треба да почека да поминат симптомите пред да се врати на вежбањето, вели Кери Денај, медицински директор на Клиниката за семејство и спортска медицина Бриарвуд во Мичиген, додавајќи: – Симптомите обично траат од 10 до 14 дена.

Доколку немате симптоми, и сте позитивни на коронавирус, советот е да се вратите на тренинг што е можно поскоро, бидејќи вежбите му помагаат на имунитетниот систем – особено кога станува збор за респираторни инфекции како што е Ковид-19. Сепак, сè додека не бидете негативни, не одете во спортски сали, туку вежбајте дома!

„Луѓето кои се позитивни на коронавирусот и немаат никакви симптоми дефинитивно треба да мируваат најмалку 10 дена“, вели Брајан Грејв, ортопедски хирург и доцент на Медицинскиот факултет во Синсинати.

Период на пост-корона: Кога можам да започнам со тренинг

Експертите препорачуваат, откако ќе се опоравите од коронавирусот, прво да започнете со вежби со слаб интензитет, како што се одење, јога, возење велосипед или пливање.

Ако правите вежби за сила или истегнување, направете помалку повторувања и помалку сетови и продолжете го периодот на пауза помеѓу секоја вежба. Следете го правилото 50/30/20/10, што значи намалување на капацитетот за вежбање за 50% во првата недела по закрепнувањето од коронавирусот. Потоа, зголемете го интензитетот секоја следна недела: прво со триесет проценти, а потоа додадете уште дваесет и на крај десет – што ќе ве доведе до интензитетот што сте го вежбале пред инфекцијата.

На овој начин, постепено ќе се вратите во фитнесот, без да го оптоварувате организмот што се опоравува од злобниот вирус.

Вежбање и коронавирус: Кога да одите на лекар

Ако ги имате следниве симптоми за време на вежбање, задолжително посетете лекар!

1. Брзо и нерамномерно чукање на срцето
2. Отежнато дишење
3. Зголемен замор
4. Несвест
5. Губење на видот
6. Треска

Ако ги игнорирате овие симптоми со вежбање со висок интензитет, потенцијално може да добиете аритмии, а во некои случаи и воспаление на срцевиот мускул.

Иако ова може да биде фрустрирачко, особено за луѓето кои се во форма и редовно се занимаваат со физичка активност, во овој период на навикнување на вашето тело да вежба, фокусирајте се на редовна и соодветна хидратација, здрава исхрана и намалување на стресот.

Слушајте го вашето тело за време на тренингот и реагирајте навреме на симптомите.

Прочитајте и: Колкав процент на маснотии и мускули треба да имате за вашата возраст

 

ФОТО: Unsplash

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.