Недостаток на магнезиум може да предизвика чувство на вкочанетост

Чувство на напнатост, вкочанетост, раздразливост или грчеви. поголемо воспаление и нарушувања на расположението – сето ова е на списокот на проблеми предизвикани од недостаток на магнезиум!

Магнезиумот е неопходен минерал кој помага при бројни процеси во организмот, од регулирање на крвниот притисок до олеснување на напнатите мускули и нерви, а вкочанетоста може да укаже на неговиот недостаток.

„Замислете го магнезиумот како релаксирачки минерал. Треба да имате доволно за вашите клетки да генерираат енергија, да извршуваат голем број хемиски реакции, да ги стабилизираат мембраните и да помогнат во релаксирање на мускулите“, објасни д-р Марк Хајман, додавајќи дека може да почувствувате напнатост, вкочанетост или раздразливост доколку немате доволно.

Недостатокот на магнезиум е поврзан со поголеми воспаленија, па дури и нарушувања на расположението, покажуваат истражувањата. Ако забележите некој од овие симптоми, можеби ќе треба да го зголемите внесот на магнезиум.

„Многумина од нас јадат храна што практично не содржи магнезиум. За среќа, има многу храна што може да помогне, како и квалитетни додатоци на магнезиум“, додаде Хајман.

Што можете да направите?

Доктор по семејна медицина може да користи тест на крвта за да открие дали имате недостаток на магнезиум, но дури и без тест, нема да му наштетите на вашето тело ако во вашата исхрана внесете повеќе храна богата со магнезиум. Хајман препорачува јаткасти плодови како бадеми, индиски ореви, житарки како пченични трици, хељда, ‘рж и кафеав ориз, протеини како тофу, соја и ракчиња и морски зеленчук како алги.

Прочитајте и: Оваа табела ќе го промени вашиот живот: Колку вода е доволно да пиете за полесно слабеење?

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.