Секогаш во топ форма: Еве како вежба Шакира

Иако има 44 години, Шакира е секогаш во топ форма, а еве како вежба!

Со цел да разбереме како точно славната пејачка ја одржува линијата, го истражувавме нејзиното дневно мени и фитнес-рутина, кои и беа дизајнирани од инструкторката Ана Кајзер.

Како вежба Шакира

Во скоро сите видеа и настапи, Шакира танцува многу, па не е изненадувачки што танцувањето е составен дел од нејзиниот тренинг.

– Фокусот е на кардио вежбите и издржливоста. Шакира тренира 90 минути. Таа самата дизајнираше неколку вежби и танцувачки чекори и ги вклучи во тренингот. Иако вежбите се интензивни, Шакира се забавува и за време на тренингот, вели Ана.

Сепак, нема два исти тренинга и Ана се обидува да дизајнира за пејачката што е можно поразлична група вежби.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Shakira (@shakira)

– Понекогаш, кога има проби за настапи, тренинзите се со послаб интензитет. Потоа, таа прави еден час тренинг за сила и оди на пливање, откри Ана.

Пејачката одмара во недела и не тренира.

Дневно мени

Како и многу познати дами, оброците на Шакира се базираат на свежи состојки. Кога се подготвува за концерти и турнеи, таа избегнува шеќер и млечни производи.

– Таа се обидува да јаде што е можно поразновидно. Оброците се избалансирани и хранливи, а од време на време си дозволува и торта.

Појадок: јајца или авокадо со маслиново масло, домат и морска сол и смути од бобинки.
Ручек: Риба со свеж зеленчук или салата.
Попладневна закуска: Супа од артишок или праз.
Вечера: Риба со зеленчук (остатоци од ручек).

– Од време на време го менуваме менито затоа што таа сака да јаде свински котлети. Исто така, таа не одбива темно чоколадо, рече Ана.

Прочитајте и: Што е тоа мускулна издржливост и како можете да ја подобрите својата?

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.