Ситно бројат до сабота: Сите детали од венчавката на Петар Грашо и Хана Хуљиќ…

... кои младенците ги кријат како „змија нозете“!

Петар Грашо (46) и Хана Хуљиќ (31) ги завршуваат последните подготовки за својата венчавка закажана во сабота, на 19 февруари, но кријат во која црква во Сплит ќе се одржи црковната церемонија.

Се зборува дека пејачот и неговата бремена избраничка одбрале црква која нема едноставен пристап за обожавателите. Наводно, црковната церемонија ќе биде попладне.

На Хана ѝ пречи големиот интерес на јавноста и на медиумите за нејзината венчавка со Петар и покрај тоа што е навокната на медиумското внимание земајќи предвид дека му е черка на Тончи Хуљиќ. Толку многу ги кријат деталите за свадбата што ни гостите не знаат во која црква ќе биде венчавката. Наводно, во црвката ќе бидат само кумовите и младенците“, вели извор близок на парот.

По црковната церемонија, ќе се одржи забава во поранешниот ресторан на Грашо „Суптилан“. Наводно, младенците планираат да ангажираат телохранители за да не може да влезе некој неканет гостин на прославата. Ресторанот има два влеза и на двата влеза ќе има по еден чувар.

Хана и Петар не ја откриваат својата интима. Тие се свесни за интересот за нивната врска, но сакаат приватност“, вели изворот за 24сата.хр

Невестата, нејзината мајка Вјекослава и кумата Доменика ќе носат фустани од сплитски бренд, а популарниот хрватски пејач својот венчален костум го набавил во странство.

Венчаницата на Хана е многу едноставна, како и нејзиниот дух. Немаше посебни желби кога се работи за веначницата“, тврди изворот.

Хана и Петар набргу по започнувањето на врската одлучиле да живеат заедно во станот на Петар Грашо во Сплит.

Фото: принтскрин/инстаграм/петар грашо/хана хуљиќ

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.