Се танцувало до зори, сè изгледало како од бајка: Погледнете досега необјавени фотографии од венчавката на Хари и Меган!

Погледнете

Ако ве интересира животот на британското кралско семејство, сигурно сте се запрашале како изгледала кралската венчавка кога камерите се исклучиле

Принцот Хари и Меган Маркл во својот документарец на Нетфликс зборуваат за ситуацијата со таблоидите, но и за односите внатре во кралското семејство.

Моментот што многумина го гледаа со особен интерес беше оној во кој војводата и војвотката од Сасекс го отворија својот свадбен албум. На тој начин, со јавноста споделија досега невидени моменти од својот најсреќен ден.

Фотографиите ја прикажуваат добро расположената двојка како ужива во танцувањето, но и во дружењето со гостите, меѓу кои биле и актерот Идрис Елба и пејачот Елтон Џон. Бил прикажан и раскошен огномет, кој им бил приреден на гостите на имотот Фрогмор. Дел од досега невидените фотографии од кралската венчавка, можете да погледнете во нашата галерија…

Да се потсетиме, Хари и Меган се венчаа во мај во 2019 година. Прекрасната Меган Маркл сите ги воодушеви во неочекуваната венчаница што ја дизајнирала Клер Вет Келер, креативната директорка на модната куќа „Живанши“. За самата прослава се преслекла во друга венчаница што ја дизајнирала Стела Мекартни.

Принцот Хари имал 32 повици од кралицата по смртта на принцот Филип: „Хари, дедо си замина…“
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.