Што ни носи првата млада месечина во 2023: Од 21. јануари започнуваат промени, а еве што треба да направите за СРЕЌА!

Млада месечина

Првата млада месечина во 2023 година, ни доаѓа на 21. јануари и носи нови работи и промени во нашите животи

Првата млада месечина во 2023 година нè очекува на 21 јануари во знакот Водолија. Астролозите и хороскопот истакнуваат дека ова е добар период за да си поставите цели и да размислите што би сакале да остварите.

Поставувањето намери и креирањето цели може да биде корисно за да го промените својот живот. Може да му даде смисла на вашиот секојдневен живот. Поставувањето намери и креирањето желби отворено ќе ви покаже на што треба да се посветите.

Тоа не мора да бидат големи соништа, не треба да се преоптоварите дека треба постојано да бидете продуктивни, да се изморите или да занемарите сè друго поради тие соништа. Во астролошка смисла, се соочивме со ретрограден Меркур и Марс, а сега се појавуваат сенките на планетите. За време на фазата на сенките, сè што било скриено, може да се открие.

Иако оваа млада месечина во Водолија носи свежа енергија и ќе  помогне да се исчисти пајажината од минатото, ќе се појави потреба да функционираме со развиена свест, да бидеме нежни кон себе и да не си создаваме толку притисок. Само што излеговме од мрачниот и долг пат, треба да бидеме трпеливи и внимателно да чекориме кон целта.

Ако сакате да ја искористите оваа свежа, нова енергија за да поставите некои намери, можеби треба да заземете поотворен пристап. Наместо да бидете конкретни со своите намери и визија, размислете за тоа како сакате да се чувствувате. Како сакате да се чувствувате кога ќе се разбудите секое утро?

Направете листа од три најважни емоции што би сакале да ги почувствувате, а потоа најдете начин да ги внесете тие чувства во вашата дневна рутина, дури и ако е тоа само во мала мера. Обрнете внимание на тоа кога тие чувства природно се појавуваат. Заблагодарете се, оддајте им почит и ќе видите како ќе почнат да се множат во вашиот живот.

Животот не оди секогаш како што посакуваме, но можеме да го контролираме начинот на кој одбираме да гледаме на работите. Ова е наш избор, а младата месечина во знакот Водолија е совршено време да ја примениме оваа моќ.

Ќе почувствуваме како природно сакаме да одиме напред и да ги завршиме работите. Но дозволете си да одите со свое темпо. Бидете свесни дека не мора да си вршите притисок или да се принудувате да бидете подобри.

Наместо тоа, вратете се кон поедноставната страна на животот и одберете да се фокусирате и да уживате во она што е навистина важно за вашата душа. На крајот на краиштата, тоа се малите нешта, па ајде да се фокусираме на нив и да видиме што добро ќе ни донесат!

Еве какви се ЈАНУАРСКИТЕ ДЕЦА: Има голема разлика меѓу ЈАРЦИТЕ и ВОДОЛИИТЕ, но имаат единствена карактеристика!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.