Што значат белите дамки на долната облека? Речиси секоја жена ги воочила некогаш, а експертите откриваат ШТО треба да знаеме!

Бели дамки

Многу жени се прашуваат што значат белите дамки на долната облека

Жените често забележуваат бели дамки на долната облека, па се прашуваат која е причината. Од Музејот на вагини во Лондон истакнуваат дека ова е популарна тема и дека многу девојки и жени не знаат зошто се појавуваат.

Хигиената на интимната регија е многу важна, како и редовното менување долна облека. Меѓутоа, тоа не игра пресудна улога во појавата на бели дамки на долната облека.

„Навистина ништо нè немаат научено за нашите тела, тоа е многу неправедно. Нè оставија многу работи да научиме и да разбереме сами. Најчесто, на крајот тоа нè јаде однатре бидејќи се плашиме дека нешто не е во ред со нас, но премногу ни е непријатно да зборуваме за тоа“, гласел еден од коментарите.

https://twitter.com/vagina_museum/status/1362039244571750409?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1362039244571750409%7Ctwgr%5E649d78668f8a4fcbd9f29073ef7e9c3b75ab0502%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fstil.kurir.rs%2Flepi-zdravi%2F193695%2Fsta-znace-bele-fleke-na-donjem-vesu

Од Музејот на вагини истакнуваат дека ова е сосема нормална појава и дека нема простор за паника.

„Добиваме многу повратни информации од луѓето кои не знаеле дека се случува тоа или зошто се случува. Белите дамки на долната облека не се знак на нечистотии или лоша хигиена, тоа е нешто што се случува кога киселоста на потполно здрава матка ќе помине време во контакт со ткаенина, а тоа особено се забележува на потемни материјали“, објасниле од музејот.

Во текот на животот, нивото на киселост на матката варира, односно секоја животна фаза со себе носи одредена pH-вредност. Нивото на киселост обично е околу 3,8-4,5 pH во годините кога имате менструација, а е малку повисоко пред пубертет и по менопауза.

„Овој секрет се зголемува за време на овулација и бременост, поради зголемувањето на цервикална слуз“, додал гинекологот д-р Алекс Ескандер.

„Во свет во којшто не се зборува многу за вагини, не е изненадување тоа што никој не ги пренесува тие податоци на училиште или дома, бидејќи многу родители, па дури и здравствени работници не знаат за овој факт“, заклучила Зои Вилијамс од музејот.

Колку често треба да се менува долната облека? Науката ја шокирала јавноста – „Не ги менувам додека не се скинат“
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.