Мажите лудуваа по неа, а таа призна дека сака жени: Сега се венча во шестата деценија со оваа жена!

Саманта Фокс и Линда Олсен

Познатата пејачка Саманта Фокс се оженила за својата свршеничка Линда Олсен

Некогашната британска моделка и пејачка Саманта Фокс (56) се венчала со својата партнерка Линда Олсен во саботата на раскошна церемонија во Есекс.

Саманта за својот најважен ден одбрала венчаница без прерамки, која имала блескави детали и превез. Во рацете имала прекрасен букет со розови рози, а ни дождот не успеал да го расипе најубавиот ден на некогашната манекенка.

Саманта Фокс со децении важеше за секс-симбол. Мажите ширум светот лудуваа по неа, дотолку што го тетовираа нејзиното име. Многумина се разочараа кога откри дека сака жени.

Саманта стана сензација прекуноќ откако на 16-годишна возраст позираше топлес за славната Page 3 на британскиот таблоид The Sun.

Таа е најмладиот модел кому му успеало да се појави таму и набрзо ја доби титулата „најпопуларна пин-ап девојка во тоа време“.

Кога ја освои јавноста со својот изглед и сексапил, го покажа и својот пејачки талент. Саманта во 1986 го објави дебитантскиот сингл Touch Me, кој беше на првото место на музичките листи во 17 земји.


Јавноста се интересира и за љубовниот живот на Саманта, особено бројните машки обожаватели. Иако претходно имала бројни врски со мажи, Фокс покрена бројни шпекулации за нејзината сексуалност кон крајот на 1990-тите години. Подоцна призна дека пред Мајра Стратон никогаш не била искрено вљубена во жена.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.