Живот со родители перфекционисти: Еве кои 8 негативни и долготрајни последици им ги оставаат на децата!

Дознајте

Фото: Guliver/Getty Images

Прочитајте како изгледа животот на дете со претерано строги и перфекционистички настроени родители

Не постои совршен родител. Секој родител остава психолошки лузни на своите деца на некој начин. Но некои, со својот перфекционизам и правила, сепак, имаат понегативно влијание од останатите.

Растењето во дом со безброј правила знае да биде напорно. Ако во детството постојано сте се чувствувале како да сте оделе по игли, последиците лошо ќе се одразат подоцна во вашиот живот.

Па затоа, ви ги откриваме лошите страни на родителите перфекционисти.

Потиснување емоции

Првиот знак дека децата растеле со родители перфекционисти е нивната склоност на потиснување негативни емоции. Тоа подразбира дека имаат потешкотии да изразат тага, лутина, фрустрација, љубомора… Таквите емоции ќе постојат во нив, но ќе им биде тешко да ги исфрлат на површина. А тоа никако не е добро, бидејќи можат да се претворат во депресија или болести како рак и тешки ментални заболувања.

Срам

Колку повеќе сте одвоени од своите емоции, толку полошо ќе се чувствувате во врска со себе. Да ви претставиме пример. Да кажеме дека вашите родители се развеле кога сте имале шест години. Со оглед на тоа што децата се својствено егоцентрични (веруваат дека светот се врти околу нив), во својата глава ќе мислат дека тие се виновни за разводот. Потоа, таа приказна ќе ја градат со години и длабоко во себе ќе чувствуваат дека погрешиле нешто.

Склоност кон зависности

Постојат различни форми на зависности: од работа, секс, алкохол, дрога, љубов. Зависноста, во суштина, е неприлагоден одговор на стресот. Со други зборови, вашата зависност е тоа што го правите за да се справите со стресот што го чувствувате – кога не сте сигурни што друго би правеле со него. Луѓето што пораснале со перфекционистички настроени родители се посклони кон зависности од другите, бидејќи самиот перфекционизам на нивните родители бил константен одговор на стресот.

Перфекционизам

Ќе бидете склони на продолжување на генетски наследниот перфекционизам, се’ додека не се тргнете по нов пат.

Хроничен стрес и физиолошка напнатост

Доколку постојано се обидувате правилно да живеете, секогаш ќе очекувате да направите грешка. Тоа почнува да создава спирала на перфекционизам. Секоја грешка што ќе ја направите, ќе го засилува вашето чувство на несовршеност, принудувајќи ве да ги правите работите уште поправилно, се’ додека не ја прекинете шемата.

Потешкотии во прифаќањето критики

Перфекционистите секогаш водат внатрешен дијалог, односно многу се самокритични. Тешко ќе прифаќате критики, доколку вашите родители се склони на перфекционизам. Нивниот тон ќе ве потсетува на родителите, и тогаш ќе ви се јавува одбранбениот механизам.

Живот според норми и постојано тежнеење да им се угоди на другите

Ако постојано се обидувате да живеете според строгите стандарди на родителите, цел живот ќе им угодувате на другите. На тој начин, полека ќе го губите чувството на себе, а ќе ви се засилува чувството на непријатност.

Потешкотии со интимните врски

Да се биде во каква било интимна врска значи постојана пракса на намалување на сопственото его, со цел зближување со некого. Ако сакате да се чувствувате исполнето во врската, треба да бидете со некој што го сакате, му верувате и го почитувате.

ФОТО: Getty Images

Ве интересира како да воспитате благодарно и психички стабилно дете? Прочитајте ги овие 3 бесценети совети за сите родители!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.