Како да воспитате благодарно и психички стабилно дете: 3 бесценети совети за сите родители!

Прочитајте

Пренесете им ги животните мудрости на вашите деца

За секој родител голем предизвик е да го научи детето да биде благодарно и културно и да порасне во добар човек.

Кога ќе ги научиме децата да кажуваат „извини“ и „благодарам“, тоа не е само пофалба за родителите, туку и знак дека тие позитивно влијаат врз него и дека се на добар пат.

Изразувањето благодарност создава посреќно и психолошки стабилно дете

Истражувањата покажале дека постои голема поврзаност меѓу доброто здравје и изразувањето благодарност. Благодарноста на некој начин им помага на луѓето да почувствуваат повеќе позитивни емоции, да уживаат во убавите искуства, а со самото тоа и да бидат поздрави.

Едно истражување побарало од испитаниците да напишат по неколку реченици секоја недела, но да се држат до одредени теми.

Една група пишувале за работите за кои се благодарни, а друга секојдневно пишувале за работите што ги нервирале. Резултатите покажале дека по десет недели, оние што пишувале за благодарност се чувствувале подобро. Исто така, подобро реагирале на негативните работи, што значи дека вежбањето благодарност позитивно влијаело врз нивниот начин на размислување.

Благодарноста помага во развојот и во зачувувањето на односот

Научете ги децата да бидат благодарни и да изразуваат благодарност. На тој начин ќе им помогнете да ги негуваат и одржуваат важните односи кога ќе пораснат.

Истражувањата на докторката Сара Алгоа од Универзитетот во Северна Каролина откриле дека отвореното изразување благодарност има долгорочни и краткорочни здравствени придобивки, не само за вас, туку и за луѓето кон кои ја насочувате оваа ваша позитивна состојба.

Благодарноста е многу важна за изградбата и негувањето на односите на подолги патеки.

Вежбањето љубезност и благодарност од рана возраст помага да изградиме цврст карактер

Децата се како сунѓери. Тие мораат се’ да научат од почеток, па важно е да ги насочите љубезно да комуницираат со другите, бидејќи така ќе развијат цврст и благороден карактер.

Диен Пиагет, експерт за детски развој, смета дека најдобрата возраст за да почнете да го подучувате детето за неговото однесување е 2 години, а на тоа би требало да работите до седмата година. За тоа време се формира степенот на интуитивната интелигенција и децата почнуваат прогресивно да ја разбираат вистинската вредност на почитта, емпатијата и правдата.

Најважни совети за родителите околу воспитувањето благодарни деца:

Бидете им пример – Децата забележуваат што зборуваат родителите и како го изговараат тоа. Кога сте искрено благодарни, децата учат од вашиот пример и најверојатно ќе го повторат истото однесување.

Отворено разговарајте за благодарноста – Разговорот за благодарност ќе му овозможи на детето да стане свесно за својата вредност, што ќе го поттикне да развива благодарност.

Водете дневник на благодарност – Научете го детето да запишува 2 до 5 работи за кои е благодарно секој ден и да научи да објасни зошто секоја од нив го прави да биде благодарно.

ФОТО: Pixabay

Прочитајте и кои 4 грешки во воспитувањето може да бидат погубни за детето!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.