Попладневното спиење не е добра идеја: Еве зошто!

Дали попладневниот сон е добра идеја и за што да водите сметка кога ги „празните батериите” во текот на денот, откриваат стручњаците.

Сите знаеме дека нема ништо послатко, кога животното темпо ни дозволува, да дојдете во топлиот дом после работа или напорен ден и да задремеме во дневната соба. Но, попладневната дремка која трае подолго од половина час не е добра идеја, тврдат стручњаците.

По половина час сонот запаѓа во РЕМ фаза, позната како и сон во кој се сонува, од кој повеќе од 70 проценти од луѓето ќе се разбудат чувствувајќи се летаргично. Покрај тоа, попладневниот сон го одложува вечерното спиење, на што особено внимание треба да обрнат оние кои имаат проблеми со заспивањето.

Постои група на луѓе кои по попладневната дремка можат да заспијат без никакви последици на нивната свежина подоцна или способноста квалитетно да спијат таа ноќ – велат стручњаците.

И покрај тоа се советува да не спиете напладне, но ако сепак не можете без тоа не би требало да спиете подолго од половина час и ако е можно, тоа да не биде по 15 часот.

Прочитајте и: Ставете чешне лук под перница пред спиење: Наутро ќе ви се случат 3 неверојатни работи!

Ако имате проблем со несоницата, пред да се одлучите за некои лекови за спиење, обидете се со природни топли напивки кои секако ќе ви го олеснат процесот на заспивање.

Како што различна храна влијае на тоа дали ќе имате проблеми со заспивањето ако ја конзумирате премногу доцна, истото важи и за многу пијалаци. Не само што ќе ве разбуди за да отидете до тоалет, дури ќе ве држи будни половина од ноќта. Газираните пијалаци, зелениот чај, кафето, никако не се добар избор.

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.